Полицијата во текот на месец мај издала вкупно 21.178 платни налози. Како што информираат од МВР, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, а пак за управување без возачка дозвола евидентирани биле 2114 прекршоци. Во текот на мај биле санкционирани 527 пешаци, шестмина возачи на електричен тротинет и седум возачи на велосипедисти. Исто така регистрирани биле и 775 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, 1203 прекршоци за неносење сигурносен појас, 744 санкционирани возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига.
„По основ на ЗБСП биле изречени и санкции за 567 возачи кои што учествувале во сообраќај со недозволено количество алкохол во крвта, и уште 113 возачи коишто се казнети за минување на црвено светло. По основ пак на Законот за возила минатиот месец биле изречени 153 мерки за технички неисправни возила и уште 500 прекршоци за возила кои што учествувале во сообраќај без валидна регистрација“, информираат од МВР.
Од ресорното министерство апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот