Од полицијата информираат дека во акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во градот Битола извршена ноќеска половина час по полноќ, биле затекнати 20 малолетници. Од МВР потенцираат дека планираните активности ги опфатиле објектите кои, според нив, се детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица.
-Притоа, во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“, затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект на булеварот „1 Мај“ биле затекнати уште четири деца. Сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, информираат од Министерството.