Договорот денеска го потишаа директорот Дарко Спасов и полскиот амбасадор Мариуш Бримора. Останатите средства за заокружување на проектот ќе бидат обезбедени од Министерството за култура и туризам и од донатори.„Важен дел од активностите на МНР на Полска е развојната соработка, во која им помагаме на земјите и општествата во развој. Секоја година, амбасадите испраќаат предлози за проекти за помош до Варшава, од кои комитетот ги избира проектите кои ќе бидат имплементирани во дадената година. Само во 2024, полските амбасади во Западен Балкан имплементирале 17 проекти за помош во вредност од над 220 илјади евра“, рече полскиот амбасадор Мариуш Бримора.
„Се надеваме дека премиерата на оваа претстава, која е закажана за ноември, ќе можеме да ја гледаме седејќи на новите седишта. Мојата желба е програмата на Tеатарот секоја година да вклучува претстава од полски драматург“, рече Дарко Спасов.