Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци.
36-годишен маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа. Инцидентот се случил утрово во североисточниот дел на градот.