БОБИ СТЕФКОВСКИ: Попладнево на мое задоволство имав можност да присуствувам на отворањето на спортскиот комплекс “Спортска арена ЕР 7” кој се изгради во Сингелиќ
Општина Гази Баба од денес е побогата за уште еден спортски комплекс во чии рамки се изградени спортски терени за повеќе видови на спорт и затворен балон со спортски терен на подлога од вештачка трева за мал фудбал.
Општината е отворена за соработка со сите општествено – одговорни компании, организации и здруженија на граѓани чија цел е развојот на спортот и спортската инфраструктура.
Гази Баба ја има честа да биде најспортската општина во нашето Скопје, а за тоа говорат бројните реализирани проекти во областа на спортската инфраструктура, како и спортските успеси на нашите клубови и индивидуални спортисти во сите категории на спортови.