19.8 C
Скопје
14/06/2025 21:33
МАКТЕЛ

   

ПОПОВСКИ: БРИТАНИЈА ИЗЛЕЗЕ ОД ЕУ И ПОЧНА ДА ГИ ГУБИ ФОЛКЛАНДСКИТЕ ОСТРОВИ, КАКО ТОА ГО ОБЈАСНУВА МИЦКОВСКИ?!

      

Само еден мал, но многу важен пример за тоа како во Македонија се шири аналфабетизам за тоа како функционира Европската унија и како ги штити интересите на блокот и неговите членки, дури и таму каде што би можело да изгледа нелогично, па дури и апсурдно. Апропо политички поттикнатите расправи дека преговарачката рамка со ЕУ може да се смени, без оглед на она што го говорот многу европски министри дека таа е веќе донесена.

Оваа недела 60 земји на ЕУ и Латинска Америка потпишаа коминике во кое Фолкландските Острови, кои се британска територија, се нарекуваат Islas Malvinas, аргентинското име за групата острови во негостопримливиот дел на Атлантскиот Океан. Во 1982 година Аргентина и Британија водеа 10-неделна војна откако тогашната аргентинска воена хунта испрати војници да го окупираат архипелагот, кој државата историски го смета за нејзина територија. Маргарет Тачер тогаш прати моќна армада преку Атлантикот, Аргентина беше целосно поразена и тоа беше крај на воената хунта. Но, Аргентина не престана да тврди дека Фолкландите се нивни.

   

За цело време додека беше во ЕУ, Лондон ставаше вето на самиот обид за споменување на зборот Малвини, но кога Британија го напушти блокот во 2020 година веќе ја нема таа моќ. Сега, кога називот Islas Malvinas се најде во официјално коминике, Лондон презеде френетичен обид да го спречи тоа именување. Министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли му испратил писмо на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, во кое вели: „Се надевам дека ќе можете да ги држите Фолкландските Острови надвор од коминикето на Самитот – реферирањето на нив Аргентина ќе го толкува како поддршка за нивната кауза, што ќе бара од нас да одговориме и да ги зголемиме тензиите во регионот“.

Бриселски „Политико“ пишуваше дека дипломат на ЕУ изјавил оти британските функционери „избезумено ги повикувале делегатите и аташеата… но безуспешно“. Друг дипломат рекол дека „само Франција препорача претпазливост по ова прашање“ за време на состаноците на европските амбасадори – редок момент на англо-француско единство. ЕУ потоа издаде брзо соопштение во кое појасни дека не зазема формален став за статусот на островите.Но за Лондон штетата веќе беше направена и британската порцеланска шолја за чај требаше да се лепи, ако може да се залепи, и да се лечи гордоста. Се разбира, Буенос Аирес беше радосен, тврдејќи дека тоа е првпат ЕУ официјално да ја признае неговата позиција за островите.

Продавачи на илузии

Ова не е безначаен пример – тој само покажува што значи кога си во ЕУ, а што кога си надвор, па макар бил толку моќна земја како Велика Британија. Ако Британија, со нејзината нашироко фалена дипломатија и влијание, не успеала да го спречи појавувањето на називот Islas Malvinas во коминикето од самитот ЕУ-Латинска Америка, може ли една мала, невлијателна земја како Македонија, со скромна дипломатија, со исклучително сиромашни ресурси, да промени еден заеднички став на 27 земји на ЕУ за преговарачката рамка и почетокот на преговорите за пристапување, кој притоа го носи и називот „француски предлог“. Некои велат дека тоа не е невозможно, дека како што еден документ бил донесен, така може да се промени и дека веројатно вреди Македонија да се обиде откако ќе ги отфрли уставните измени.

Веројатно нема човек што не би посакал да се оствари тоа, но главното прашање е како да им се поверува на политичарите кои се најдобрите продавачи на илузии (а не луѓе како Дејвид Коперфилд). Бидејќи илузиите се најспектакуларни кога Коперфилд ќе направи да ја снема Статуата на слободата во Њујорк, така веројатно изгледа илузијата дека ЕУ ќе ги смени заклучоците и ќе го отстрани условот кој нам ни изгледа гаргантуански голем – внесувањето на Бугарите во Уставот. И самите граѓани создаваат ваква коперфилдовска илузија. Да видиме само два одговори од последната анкета на ИРИ. На едното прашање: „Неодамна Северна Македонија го започна пристапните преговорачки процес со ЕУ според рамката за преговори предложена од француското претседателство. Дали го поддржувате или се противите на овој преговарачки процес“ – позитивно одговориле 41 отсто, а негативно 50 проценти. Но веќе во следното прашање – „Дали поддржувате внесување на бугарската заедница во Уставот“ – 66 отсто се против, а 30 отсто се „за“.

Некои работи понекогаш изгледаат дека немаат логика – ако 50 отсто се против францускиот предлог (со внесување на Бугарите во Уставот) тогаш како во анкетирањето бројката која е против уставните измени се зголемува на 66 проценти. Тоа изгледа изгледа како креирање на сопствени илузии, додека во заднината тече песната на Бајага „Верујем, не верујем“.

Има многу такви коперфилдовски илузии. Вмровскиот лидер Христијан Мицкоски оваа недела на двапати повторуваше една од нив – дали нему му се причини, дали беше избран како гледач од публиката или нешто друго, не е јасно. Во крајна линија изгледа дека не е ни важно.
Во средата (19.07), по состанокот во Стопанската комора, осврнувајќи се на предлогот за пристапување кон уставни измени, тој рече дека Владата и премиерот Ковачевски излегле надвор од заклучоците на Советот и од преговарачката рамка.

„Каде во преговарачката рамка и во заклучоците на Советот стои дека треба вака и вака да изгледа предлог-текстот за измена на Уставот? Никаде“. Ден претходно, по состанокот кај Сојузот на стопанските комори, даде слична изјава: „Во кој дел на преговарачката рамка, и во кој дел на протоколот е содржан овој текст на овие уставни измени?“Во првата изјава тој го споменува протоколот, а во втората заклучоците на Европскиот совет. Оваа реторика е симптоматична сама по себе. Па дури и парадоксална.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека текстот „за уставните измени кој не само што не е прифатлив, туку можам да кажам дека е тотално неразумен“, сега се повикува на преговарачката рамка и на заклучоците на Европскиот совет, кои до некни ги напаѓаше како пораз за Македонија. Мицкоски сега сака да имплицира дека текстот за уставните измени требало да го има во преговарачката рамка. Доколку, пак, таков текст, стокмен од европските функционери, беше сместен во преговарачката рамка, сигурно уште од лани ова време ќе беснееше политички ураган дека во Брисел (по бугарски диктат) ни одредуваат како треба да бидат напишани уставните измени, што би било врвно понижување за Македонија и нејзиното Собрание.

Во основа, кругот (или меурот, ако сакате) што се ширеше цела година, наеднаш почна да се стеснува за сите актери откако конечно предлогот за уставни измени беше испратен во Собранието. И за власта и за опозицијата. И за едните и за другите тоа може да биде трауматично.

Европски акварел

Владата на Димитар Ковачевски знае дека во овој момент нема 80 пратеници за да се помине првото гласање, без оглед на нивните оптимистички изјави кои повеќе служат за себебодрење отколку што се одраз на ситуацијата во Собранието. Неуспехот да се обезбедат две третини ќе биде огромен товар за владиното мнозинство. Ако тоа не успее речиси инстантно, веднаш по гласањето на почетокот од септември, ќе се претвори во огромна лавина од притисок дека по таквиот „пораз“ мора веднаш да се оди на избори. Големо прашање е дали Владата има разработено стратегија што би правела од тој „ден потоа“ па натаму.

Владата, сосем сигурно, ќе повторува дека вмровската опозиција ја загрозила европската иднина на Македонија, дека ќе може да ги повторува зборовите на австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, минатата недела во Скопје: „Ако постоечкиот ќорсокак продолжи, Северна Македонија ризикува да ја испушти наредната шанса и дури, на подолг период, да биде исфрлена од ЕУ-патот“. Но тоа ќе биде мала утеха за властите. Како што ќе биде мала утеха и дека Европската унија, многу веројатно ќе излезе со изјава во стилот – преговарачката рамка е јасна, ама Македонија не сака да ги исполни условите во неа; нема промена во неа и чекаме Македонија сама да одлучи дали сака да оди кон пристапување кон ЕУ. Но, штетата за „проевропската коалиција“ ќе биде веќе направена и прашање е како ќе може да се опорави од тој удар.

Во тој круг што почна забрзано да се затвора во овие пеколни горештини веројатно веќе нема да има нови посети на европски министри (најважните веќе дојдоа, кажаа јавно и на затворени средби што е и што не може да биде, како што изгледа на Мицкоски и партиската делегација им беше кажано на средбите со претставниците на ЕПП во Брисел). Јавно сѐ ќе биде оставено на македонските политичари и пратеници. Во заднината никој не знае што може да се случува.

ВМРО-ДПМНЕ со месеци повторуваше зошто Владата не го доставува предлогот за уставните измени до Собранието бидејќи се плаши дека дема двотретинско мнозинство. Кога предлог-текстот стигна во Собранието Мицкоски вчера рече дека немало потреба да се излегува со таков документ во јавноста. Тоа, според него, била третата суштинска грешка на Владата.

Ова не е едноставна ситуација за Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Со негативниот глас во европскиот акварел ќе бидат насликани како евроскептична, па дури антиевропска партија. И ќе треба да се вложи многу труд да се поправи таа перцепција. Имаше дури една гротескна сцена на средбата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со Вајмарската тројка на која беа присутни и двајца коалициски лидери. Спроти тројцата европски министри гордо исправен седеше Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите, кој во мај годинава беше на безбедносен форум во Москва, каде од регионот беа и Милорад Додик и шефот на српската агенција БИА, Александар Вулин, од неодамна на црната листа на САД. Највисоката личност од руската власт на форумот беше моќниот шеф на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев. На присутните преку видео врска им се обрати и рускиот претседател Владимир Путин. Главната тема за расправа на форумот беше како Русија да ја спаси Европа од хегемонијата на Америка.

Европските министри, или нивните советници, сигурно го забележаа ова поставување на Стоилковиќ на масата за разговори. И тоа не беше добра слика за Мицкоски. Затоа што и на оние што се просечно упатени во европските политички збиднувања им е јасно дека преку разврската во Македонија ќе биде јасно дали победил европскиот наратив и перспектива или Москва успеала да забоде голем брут во општеството кое е најмногу проевропски расположено во регионот. Изгледа необјасниво зошто овде постојано се цитираат зборовите на бугарскиот претседател Румен Радев, кој кога беше избрана новата влада во Софија ја загуби командата во бугарската политика. И за кого и во Бугарија има неподелено мислење дека ги штити руските интереси, што особено стана јасно со војната во Украина. Кога американскиот дипломат Габриел Ескобар на сослушувањето во Конгресот вели дека САД работат со новата влада во Бугарија да нема нови услови за Македонија, овде наместо да се анализираат неговите зборови им се дава огромна важност на стандардните закани на Радев, насочени најмногу кон тоа Македонија да не напредува кон ЕУ.

Во овој круг што се затвора Мицкоски има две подеднакво лоши опции за него – да „си остане на зборот“ и вмровските пратеници да не гласаат за почнување на процесот на уставните измени. Или целата пратеничка група (а можеби десетина пратеници) да го поддржат процесот и Мицкоски да се најде во минското поле кое тој не го поставил и не знае кон каде да зачекори. И во двете опции тоа нема да биде пирова победа, туку горчлив пораз во повеќе рати. Затоа што не ќе може да чека брегот да дојде кон него, туку тој ќе се упати кон него и ќе го најде истиот документ. Прашањето е колкаво крварење дотогаш ќе предизвика московскиот брут во македонскот општествено ткиво.

И најпосле една ситуација која сите ја гледаат, а молчат. Да не беа новинарите ништо немаше да се знае околу тоа дека Орце Камчев е ставен на црната листа на Америка. Реки од изјави потекоа од политичарите од најразличните спектри кога градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, беше ставен на истата таа листа поради корупција. Сега на политичарите устите им се зашиени, никој не сака да спомне ниту збор, особено не оние кои против Мерко и ДУИ фрлаа со сите можни дрвја и камења.

Барем да ги прочитаат по неколку пати овие зборови на американската амбасадорка Анџела Агелер од четвртокот: „Злоупотребата на законите, на функциите, перењето пари, поткупот и другите активности во кои учествувал господинот Камчев го поткопаа судскиот систем и во исто време се значително предавство на народот на оваа земја“. Изгледа дека вреди да се молчи за „значителното предавство на народот на оваа земја“.

Љупчо Поповски

   

Најново

Костадиновски за ТВ Сител: Упатувам повик до Собранието да ги скрати роковите за управните судови при поништување избор на функционери

Sase Ivanovski

“Марш за ангелите“ – родителите ќе бараат ОЈО Кочани целосно да ги запознае со истражната постапка и бараат и домашен и меѓyнароден мониторинг на истрагата и судскиот процес

Sase Ivanovski

БРАВО: Фондацијата на бугарскиот пратеник Манол Пејков досега донирала 29 000 евра и специјален гел за настрадани во Кочани

Sase Ivanovski

Путин во телефонски разговор со Трамп го осудил израелскиот напад на Иран и понудил посредништво

Sase Ivanovski

Болката ни е тешка, некои лица и покрај укажувањата ни на распит не беа повикани

Sase Ivanovski

Млекото за 12 отсто, јајцата за 10- повторно поскапеа земјоделските производи во ЕУ

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ: НИСКА И СТАБИЛНА ИНФЛАЦИЈА, СТАБИЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС – ОСНОВА ЗА РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА И НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Аценце ти се обраќам да се потсетиш, како неспособната што спиела 3 години ти направи 27 улици во 5 населени места во Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Проектите кои се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС, туку на македонските граѓани

Sase Ivanovski

Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше проекти на СДСМ, овој пат обновата на патот Охрид-св Наум

Sase Ivanovski

Голем интерес за самовработување, за четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави

Sase Ivanovski

„Монструмот Деко се криел во скривница, а нашите деца умирале“ – сведоштво на мајка на жртва од „Пулс”

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ; Денот во 60 секунди –  ,,Од нива до трпеза- се до нашата општина’’ настан поддржан од МЗШВ кој ја промовира традиционалната македонска храна и руралниот туризам

Sase Ivanovski

Трајанова: Почитувањето на етичкиот кодекс претставува основа за конструктивни собраниски дебати во интерес на граѓаните

Sase Ivanovski

Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

Sase Ivanovski

Политичка ликвидација во САД, убиена демократска конгресменка и нејзиниот маж во Минесота

Sase Ivanovski

Стармер: Велика Британија преместува авиони на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Ако барате прифатлив одмор покрај Јадранското Море, но не сакате да се трошите премногу по само еден викенд, Неум во Босна и Херцеговина може да биде токму она што ви треба ова лето

Sase Ivanovski

Милан Стефановски: Брисел ја изгуби способноста да биде фер арбитер – Софија тоа го користи

Sase Ivanovski

Соединетите Американски Држави тајно испорачале околу 300 ракети „Хелфаер“ на Израел, само неколку дена пред нивниот воен напад врз Иран

Sase Ivanovski

Израелската армија објави дека напаѓа, Иран тврди дека соборува „непријателски авион“

Sase Ivanovski

Од нивата го вадат лебот, ама не и пензијата- само триесетина земјоделци на државни јасли

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Гори најголемото гасно поле во светот во Иран! Црн чад го покри небото

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци го поддржуваат пилот проектот за затворање на Дебар маало за возила

Sase Ivanovski

Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници

Sase Ivanovski

Мексико – ранет левијатан

Sase Ivanovski

Во погодената нуклеарната постројка Натанз имало „мало радиоактивно истекување“, вели Техеран

Sase Ivanovski

Трамп нареди да се „паузира“ приведувањето имигранти, ама само на фарми, во хотели и ресторани

Sase Ivanovski

Дурмиши: Со 40 милиони евра државата отвора врати за нови вработувања и бизниси

Sase Ivanovski

Иран: 60 луѓе загинале во израелски удар врз станбена зграда во Техеран, 20 деца се меѓу жртвите

Sase Ivanovski

Интервју со Кирил Џајковски пред неговиот концерт со филмска музика: Целиот концерт го подготвувам како за своја душа

Sase Ivanovski

Виничанец седнал да вози со 2,88 промили алкохол во крвта – се превртел со „Голфот“, ама не е повреден

Sase Ivanovski

Калас: Ризикот од ескалација меѓу Израел и Иран е опасно висок

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Пуштен во употреба регионалниот пат од Охрид до Св. Наум со инвестиција од 11,7 милиони евра, фокус на Владата е модерна и функционална инфраструктура со цел подобрување на животот на граѓаните

Sase Ivanovski

Со Зелениот катастар секое дрвце во општина Центар со еден „клик“ на увид на граѓаните

Sase Ivanovski

Италијанскиот министер за одбрана, Кросето: Ако Иран не се откаже од нуклеарното оружје, ќе биде невозможно да се запре Израел

Sase Ivanovski

Додик тврди дека Велика Британија планира депортација на мигранти во Западен Балкан

Sase Ivanovski

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи

Sase Ivanovski

БИЉАЛИ: Кои земји ќе бидат зајакнати, а кои ќе бидат елиминирани до 2050 година?

Sase Ivanovski

ЕКОНОМИЈАТА ЌЕ ЗАБЕЛЕЖИ ВИСОК РАСТ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Мицкоски вели дека индикаторите укажуваат на тоа

Sase Ivanovski

ДОМ на лидерска маса во Брисел: Зелената агенда е одговорот на европските и регионалните предизвици

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ ЗА ЦЕНИТЕ Ќе ги активира зависно од триковите на трговците

Sase Ivanovski

НАШАТА ВИЗИЈА Е МАКЕДОНСКО НА МАКЕДОНСКАТА ТРПЕЗА Мицкоски повика граѓаните да купуваат домашни производи

Sase Ivanovski

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ За најдобра претстава во целина е прогласена „12“ на МНТ

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 30.000 громови го параа небото, поплавени улици, објекти без струја

Sase Ivanovski

ЗАСТРЕЛАНИ ЛОКАЛЕН СЕНАТОР И ЛОКАЛНА ПРАТЕНИЧКА ВО МИНЕСОТА, САД Се трага по вооружен маж преправен во полицаец

Sase Ivanovski

КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ ВО ЈУЛИ Уште 8 кандидати за градоначалници објави ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Драма во Велес: Малолетничка нападната со метален предмет, напаѓачот „глув“ на полициските наредби, испукани неколку предупредувачки куршуми!

Sase Ivanovski

Е УШТЕ ОВА НИ ТРЕБАШЕ: Поради војната меѓу Израел и Иран, се очекува нов голем бран инфлација?!

Sase Ivanovski

Рекетарска шема со агенции за обезбедување и во Пробиштип открива Левица

Sase Ivanovski

Австриски моторциклисти повредени на планински пат кај Охрид – еден паднал, друг излетал при обид да избегне судир

Sase Ivanovski

Убиени уште тројца ирански научници и двајца високо рангирани генерали

Sase Ivanovski

Иран им се закани на САД, Велика Британија и Франција со напади врз нивните воени бази и бродови ако му помогнат на Израел

Sase Ivanovski

Изгоре камион автопатот Скопје-Тетово, повреден е возачот

Sase Ivanovski

Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Филков: Во  финална процедура или во тек се 22 реформски закони, од кои 13 директно произлегуваат од Реформската агенда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Има кризен штаб во МНР за евентуална евакуација на наши граѓани од Израел, будно ја следиме состојбата преку официјални канали со Израел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Граѓаните на локалните избори ќе кажат дали треба да си поднесам оставка поради трагедијата во Кочани како што бара СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ СЕ ОГРАДИ ОД ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ СТОИЉКОВИЌ: Русија е агресот во Украина, ќе продолжиме да ја помагаме Украина во рамките на можностите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА: ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЦРЕШИТЕ ЗА ЖАЛ НЕ ЧЕКА И СО ЈАБОЛКАТА НА ЕСЕН, РОДОТ Е ТРИ ПАТИ ПОМАЛ ПОРАДИ МРАЗЕВИТЕ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само ја попречува правдата во случајот Кочани, Владата работи посветено и им излегува во пресрет на луѓето на дневна основа

Sase Ivanovski

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВАТА НА ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА НСДП ОД ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА 2

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Во првиот квартал бевме 4-ти во Европа по раст на БДП, во вториот квартал може да бидеме и на прво место!

Sase Ivanovski

Иран потврди: Двајца генерали убиени во израелскиот напад

Sase Ivanovski

НАЦИОНАЛНИОТ ПАВИЛЈОН НА 60. ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ ОД 2024 ВО ЧИФТЕ АМАМ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Oдморалиштето Пониква се дава на располагање како резултат на стручна проценка на лекарите и на барање на пациентите, згрозени сме од политичката злоупотрба на СДС

Sase Ivanovski

СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Левица е без компас исто како СДС, критикуваат нешто што и самите го користат

Sase Ivanovski

Вечер во Кинотека затворање на 25. Недела на италијанскиот филм

Sase Ivanovski

Соња Михајлова – лауреатка на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Sase Ivanovski

Во Старата скопска чаршија од 17-ти до 19-ти јуни по втор пат ќе се одржи манифестација „Ритамот на чаршијата“, во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје

Sase Ivanovski

Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

Sase Ivanovski

ДУИ по обвинението за Бектеши и Сарачини: Целта е да се влијае врз локалните избори

Sase Ivanovski

УЈП за пет месеци запленила движен имот од 80 должници, им однела и апарати за игри на среќа

Sase Ivanovski

Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството

Sase Ivanovski

ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скандал со матичните гинеколози – лажеле дека жени направиле ПАП-тест за да земат пари од ФЗОМ!

Sase Ivanovski
Вчитувам....