ВЛАДАТА РАБОТИ ЗА МЛАДИТЕ!
Новиот оперативен план за вработување во својот фокус ги става младите. Претседателот на владата истакна дел од мерките наменети за млади.
1. Поддршка за самовработување која опфаќа 720 лица до 29 години кои се регистрирани како невработени и имаат најмалку завршено основно образование. Помошта е во висина од 615 000 денари за основање бизнис и 3000 денари за трошоци за регистрирање.
2. Поддршка за самовработување, здружување во ДОО, кое опфаќа 220 лица, кои се регистрирани како невработени и имаат завршено најмалку средно образование. Помошта се движи од 816 000 денари за 2 содружника над 29 години до 1 230 000 денари за 2 содружника до 29 години.
3. Проект за практиканство кој опфаќа 1352 млади до 29 години за стекнување практични вештини во разни области.
4. Младински додадок за 3500 млади до 23 години кои ќе засноваат работен однос и веќе се вработени во производство. Помошта е висина од 3000 денари по вработено лице на месечно ниво.