„Моите почетоци во промоцијата на нашата држава ги гледам тука. Тоа искуство ми помогна многу и во мојата функција како амбасадор на Република Македонија во Република Австрија, каде што функцијата ја извршував од 2014 до 2018 година. Мандатот го поминав со успешна промоција на нашата држава”, вели Попоска-Треневска, соработник за дипломатски прашања и поранешна амбасадорка на Македонија во Австрија, во вчерашното гостување во поткастот ВМРО-ДПМНЕ зборува – жените во дипломатијата“. Поповска истакна дека интензивните дипломатски контакти и активната промоција на Македонија под водство на премиерот Мицкоски довеле до значителни резултати. Според неа, клучните личности во надворешната политика активно работат на унапредување на меѓународната позиција на земјата. Таа додаде дека и покрај проблемите кои ги наследиле од минатата влада, постигнатите успеси и истрајноста на претседателот создаваат нова и позитивна слика за Македонија.
„Јас сум многу горда на нашата Влада и на интензивните контакти и промоции што ги прави нашиот претседател, премиерот на Македонија, г. Христијан Мицкоски, како и министерот. Имаме клучни личности кои ја промовираат надворешната политика и тоа навистина не прави многу горди. Интензивните контакти на претседателот, неговите посети во Вашингтон и Брисел, како и стратешкото партнерство со Турција, кое беше постигнато, се навистина многу значајни и интензивни. Ова се прави со цел да ја промовираме нашата вистина. Мислам дека со сите овие неубави случувања од минатата влада и со истрајноста на претседателот, сликата се менува, не само во очите на дипломатите кои работат овде, туку и во Брисел и Вашингтон“, изјави Попоска-Треневска. Попоска-Треневска истакна дека нема поубава работа од тоа да се сака својата држава и дека нема поголема гордост од тоа да се претставува својата земја во странство. Таа додаде дека дипломатијата овозможува претставување на својата држава на глобално ниво, градење меѓународни односи и придонесување за напредокот на земјата. Дополнително, Попоска-Тренеска на прашањето што мисли околу вклучувањето на жените во меѓународната политика, таа изрази особена поддршка.
„Човек кој има афинитети, сака контакти, зборува јазици, ја сака својата држава и ја познава нејзината историја, не може да има поубава работа. Нема поголема гордост од тоа да ја претставуваш својата земја во странство и да бидеш лице на својата држава. Мислам дека е привилегија и чест да бидеш дипломат. Би ги поддржала сите млади да се насочат кон оваа благородна позиција и дипломатска кариера“, заклучува Попоска-Треневска.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ