Во вечерашниот завршен дуел на Канал 5 во претседателската кампања, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска-Давкова повторно, немајќи аргументи и образложение за тоа кои ставови ги застапува во интерес на граѓаните, се служеше со популизам, низок речник и навреди кон Пендаровски, кој ги изложи своите ставови јасно и недвосмислено, а од навредите се бранеше со нивно именување и апел дуелот да не се води на ниско ниво.
Немањето на аргументи и нивна замена со лични навреди зборува за недемократскиот капацитет на Силјановска-Давкова. Го видовме и во претходните дебати, го гледаме и сега. Со лични навреди противкандидатката ги води дебатите со цел да го прикрие немањето на идеја и став по најважните прашања за иднината на државата. На самата дебата на Канал 5 телевизија Силјановска-Давкова се служеше со квалификации кои не доликуваат на универзитетски професор, а кога немате став тогаш коректно е тоа да го признаете затоа што граѓаните ве гласаат.
И покрај тоа што Пендаровски неколку пати апелираше кон Силјановска-Давкова да не се служи со навреди и напади на личноста, таа очигледно не можејќи да ја задржи контролата, ја користеше секоја прилика да користи навреди и напади во обид да го прикрие немањето на став по клучни прашања за државата. Тоа беше случај и во претходните дебати и истото се случи сега, нешто што не доликува на универзитетски професор и кандидат за претседател.