Првите неколку недели на новиот градоначалник на Кочани не ми се допаѓаат. Како да го користи моментот за своја промоција, отвора војни и конфликти и со владата и дома со бизнис заедницата во Кочани. Тоа не му треба сега на Кочани. На Кочани му треба обединување, контруктивно однесување, подавање рака кон сите политички партии и институции. Вака како тргнал на ѓон, само ќе ја антагонизира владата и тие во реакција ќе почнат да се бранат и да му вратат со војна од нивна страна и ќе настрадаат Кочанчани како што настрадавме ние во Скопје од војната меѓу Данела и ВМРО ДПМНЕ.
Ајде Венко, ресетирај се, млад си, зелен, но имаш енергија, те молам прибери се, ресетирај се, и помогни им на Кочанчани, е тек тоа ќе биде твојата најголема политичка промоција и ќе станеш голем политичар со државнички манири и ќе бидеш успешен во политиката, моментот бара сосема друг пристап, не е време за политизација и драматики ова е време за смиреност трезвесност и соработка со сите на највисоко ниво со нула политизација и политичарење!