„Мислам дека ТикТок треба да се продаде“, изјави тој за Си-Ен-Би-Си.
Мнучин, кој служеше четири години како секретар за финансии во администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, рече дека ТикТок е „одличен бизнис и ќе составам група за да ја купам“ апликацијата.
„Ова треба да биде во сопственост на американски бизниси. Нема шанси Кинезите некогаш да дозволат американска компанија да поседува вакво нешто во Кина“, рече Мнучин.
Претходно претставник на кинеското Министерство за трговија рече дека САД треба „да престанат со неправедно потиснување на странски компании“ и да ги преземат „сите неопходни мерки за одлучно да ги заштитат своите легитимни права и интереси“.Друг официјален претставник во Пекинг рече дека САД „ја следат логиката на бандит“ со законот.