Кривичниот суд донесе одлука за мерки за претпазливост за 10 лица осомничени во вчерашната полициска акција во КПУ Затвор Скопје, меѓу кои и поранешниот директор на затворот и затворски полицаец. Судија на претходна постапка од Кривичниот суд донесе одлука за мерки за претпазливост за 10 лица осомничени во вчерашната полициска акција во КПУ Затвор Скопје, меѓу кои и поранешниот директор на затворот и затворски полицаец.
„По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители, судот ги прифати предлозите и им определи мерки за претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во судот, привремено одземање на патните исправи и забрана за контакт со одредени лица“, соопшти Основниот кривичен суд. Од судот додаваат дека осомничените имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Во вчерашната акција, МВР приведе десет лица, меѓу кои и поранешниот директор на затворот Ф.А. и затворскиот полицаец С.К., под сомнение за злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода. Акцијата следуваше по контроли на Управата за извршување санкции, која утврдила злоупотреби во раководењето со затворските установи.