11.8 C
Скопје
11/03/2025 22:39
МАКТЕЛ

    

Поранешниот претседател на Филипини, Дутерте, уапсен по налог на Меѓународниот кривичен суд

      

Меѓународниот кривичен суд го обвинува Дуертте за злосторства против човештвото поврзани со неговата брутална „војна против дрогата“, во која беа убиени илјадници луѓе. Неговото апсење предизвика поделени реакции – додека меѓународните организации го поздравуваат како чекор кон правдата, неговите поддржувачи тврдат дека е политички мотивирано. Филипинската полиција го уапси поранешниот претседател Родриго Дутерте откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење, обвинувајќи го за злосторства против човештвото поврзани со неговата смртоносна „војна против дрогата“. Дутерте беше уапсен на аеродромот во Манила, веднаш по неговото враќање од Хонг Конг. Бруталната акција против дрогата, која ја водеше Дутерте за време на неговиот претседателски мандат од 2016 до 2022 година, резултираше со илјадници жртви. 79-годишниот поранешен лидер претходно изјави дека е подготвен да оди во затвор, откако се појавија информации за можноста од негово апсење. Меѓународната коалиција за човекови права на Филипини го нарече апсењето „историски момент“. „Лакот на моралниот универзум е долг, но денес се наведна кон правдата. Апсењето на Дутерте е почеток на одговорноста за масовните убиства што го одбележаа неговото брутално владеење“, изјави претседателот на коалицијата, Питер Марфи.

Сепак, поранешниот претседателски портпарол на Дутерте, Салвадор Панело, го осуди апсењето, нарекувајќи го „незаконско“, бидејќи Филипини се повлекоа од МКС. МКС претходно соопшти дека има надлежност над наводните злосторства извршени пред Филипини официјално да се повлечат од судот. Дутерте престојувал во Хонг Конг за да води кампања за својата сенаторска листа за претстојните избори на 12 мај. На локалните телевизии беа емитувани снимки на кои се гледа како излегува од аеродромот потпирајќи се на бастум. Властите велат дека тој е „во добро здравје“ и дека за него се грижат државни лекари. ‘Војната против дрогата’ Дутерте, поранешен градоначалник на еден од најголемите градови во земјата, дојде на власт ветувајќи жестока пресметка со криминалот. Со остра реторика, тој ги охрабруваше безбедносните сили да стрелат во осомничените за дрога. Полицијата и непознати напаѓачи убија над 6.000 осомничени за време на кампањата, но организациите за човекови права тврдат дека бројот е многу поголем. „Хитлер уби три милиони Евреи. Сега има три милиони зависници од дрога на Филипини. Би бил среќен да ги истребам“, изјави тој неколку месеци по преземањето на функцијата. Но, критичарите тврдат дека неговата „војна против дрогата“ доведе до полициска злоупотреба и дека многу осомничени беа егзекутирани без судење.

   

Истражувањата во парламентот открија постоење на тајни „ескадрони на смртта“, кои за награда ликвидирале осомничени дилери. Дутерте ги негира овие обвинувања. МКС првпат ги забележа наводните злоупотреби во 2016 година и ја започна својата истрага во 2021 година. Предметот ги опфаќа случаите од ноември 2011 година, кога Дутерте бил градоначалник на Давао, до март 2019 година, пред земјата да се повлече од судот. Дутерте градел имиџ на груб, антиестаблишментски лидер, што му донесе поддршка од граѓаните кои го избраа како прв претседател од јужниот остров Минданао. Неговата ќерка, Сара Дутерте, е актуелен потпретседател на Филипини и се споменува како можен кандидат за претседателските избори во 2028 година. Во последните месеци, сојузот на семејството Дутерте со актуелниот претседател Фердинанд Маркос драматично се распадна пред очите на јавноста, иако нивниот тандем убедливо победи на изборите во 2022 година. Маркос првично одби да соработува со истрагата на МКС, но како што се влошуваа односите со семејството Дутерте, тој го смени ставот и најави подготвеност за соработка. Сè уште не е јасно дали Маркос ќе оди толку далеку што ќе го екстрадира поранешниот претседател за да му се суди во Хаг. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски до Трендафилов: Вие како портпарол на СДС само лажете

Sase Ivanovski

Студентите ги блокираа влезовите на јавните сервиси во Белград и Нови Сад, силно полициско присуство во зградите

Sase Ivanovski

Трамп коин: Инвестициска можност или политички маркетинг?

Sase Ivanovski

Големи падови на светските берзи по распродажбата на Волстрит предизвикана од тарифите на Трамп

Sase Ivanovski

Повредениот полицаец пред РТС го удрил негов колега во униформа (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Сосема e неизвесно дали членовите на Судскиот совет ќе дадат оставки на своите функции

Sase Ivanovski

Ставовите на Пендаровски, кои се широко распространети низ Европа, па и во САД, не се анти-американизам

Sase Ivanovski

Само седум земји ги исполнија стандардите за квалитет на воздухот на СЗО во 2024 година

Sase Ivanovski

Возач во Аеродром удрил петнаесет годишно девојче и побегнал од местото на настанот

Sase Ivanovski

Taравари се откажа од „Ѓока констракшн“, на нов тендер ќе се бара фирма што ќе го работи паркингот на Клинички

Sase Ivanovski

Започна средбата на украинската и американската делегација во Џеда

Sase Ivanovski

Македонија одбележа 82 години од депортацијата на македонските Евреи

Sase Ivanovski

Орцаши на протест пред Град Скопје – „Нема Митко, нема мир!“

Sase Ivanovski

Собранието ја изгласа интерпелацијата за Весна Дамева – реформа или политички притисок врз судството?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата доделува премија од 3 милиони денари за ракометарите, нови измени во Законот за медиуми, исплатени се 44.559.948,00 денари субвенции на земјоделците

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода тетовец кој подметнал пожар во Катланово

Sase Ivanovski

СДСМ, Христоски: Јанева крати К 15, или свесно удира по вработените во образованието или се пресметува со политичките противници

Sase Ivanovski

Заложби за продлабочување на билатералните односи и на парламентарната соработка меѓу Северна Македонија и Литванија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Ристески: Борбата против криминалот и корупцијата почнува со реформирање на правосудството

Sase Ivanovski

Министерство за финансии, Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Sase Ivanovski

Влада: Се донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми со цел да се зајакне конкурентноста во медиумскиот простор

Sase Ivanovski

МЗШВ: Се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стојаноски: Интерпелациите за членовите на Судски совет се тема која има за цел да се расчисти со мочуриштето кое го има окупирано македонското судство

Sase Ivanovski

СДСМ, Спасовски: Со интерпелациите власта прави дискриминација на дел од членовите во Судскиот совет

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Станковиќ: Дамева е личност која не е достојна да извршува висока судска функција

Sase Ivanovski

ИЗВРШЕНИ ДВЕ ТРАНСПЛАНТАЦИИ – НА ДЕФОРМИТЕТ НА СТАПАЛО И НА ПРЕДЕН ВКРСТЕН ЛИГАМЕНТ НА КОЛЕНО

Sase Ivanovski

Ковачки: Судскиот совет стана полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ

Sase Ivanovski

Гувернер на Курск: Бројот на жртви во украинскиот напад порасна на пет

Sase Ivanovski

Дутерте лета кон Хаг, каде ќе му се суди за злосторства против човештвото

Sase Ivanovski

Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вучиќ го прекина Дачиќ пред камери: „Веќе не можам да го слушам ова“ и ја напушти просторијата

Sase Ivanovski

Филипче- Сведоци сме на гнасна кампања на ВМРО ДПМНЕ против секој кој чесно заработува и заслужува достоинствен живот

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: “Јачи смо од пресуде”!

Sase Ivanovski

Изгласана недоверба на Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа

Sase Ivanovski

Украина прифати 30-дневен прекин на огнот: САД повторно испраќаат помош за Киев

Sase Ivanovski

Проф. д-р Јован Велески: Со едукација и превенција до поголема свесност за одговорното играње игри на среќа

Sase Ivanovski

Во петок, 21 март, во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи Латино вечер на која извонредните готвачи на хотелот ќе ги покажат своите кулинарски вештини, подготвувајќи автентични латино-американски јадења. Менито на оваа Латино вечер ќе содржи типично кубанско јадење од говедско месо, кое се смета за едно од националните јадења на оваа земја. Останатите гастрономски изненадувања што ќе можат да се вкусат се карактеристични специјалитети со потекло од Мексико и Бразил. – Advertisements – Посетителите на Латино вечерта ќе имаат прилика да ги пробаат и разновидните коктели во чија основа е румот, што е типичен пијалак за Карибите, каде се произведуваат повеќе од 70 различни брендови на рум. Овој пијалак многу често се користи за подготовка на коктели со тропски вкус и изглед, кои се одличен аперитив или придружник на латино-американските јадења. На Латино вечерта ќе настапи танцовиот клуб „Desire“ и со звуците на латино музиката ќе ја долови убавината на Латинска Америка – синоним за прекрасни плажи, автентична музика и разнобојни карневали. Латино вечерта започнува во 20.30 часот, во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат и сите дополнителни информации и резервации.

Sase Ivanovski

По 569 дена Пол Погба повторно може да игра фудбал

Sase Ivanovski

Собранието изгласа недоверба и на членовите на Судски совет – Павлина Црвенковска и Селим Адеми

Sase Ivanovski

Милошоски: Би било демократски зрело членовите на Судски совет да си поднесат оставки по изгласаните интерпелации

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Позабрзано пристапуваме кон фискална консолидација од планираното

Sase Ivanovski

Ристески: Борбата против криминалот и корупцијата почнува со реформирање на правосудството

Sase Ivanovski

Македонците го обожаваат Здравко Чолиќ: Три последователни концерти на музичката ѕвезда во Скопје!

Sase Ivanovski

Обвинителството бара притвор за петмина од акцијата за деривати, се сомничат за тежок криминал од 167.549.985 евра

Sase Ivanovski

Бугари, Грци и Албанци доаѓаат во Скопје на концертот на ,,Massive Attack”: Коцките се склопија!

Sase Ivanovski

Дали наскоро ќе има прв црн папа во историјата на Ватикан?

Sase Ivanovski

Што најмногу извезувала македонската економија на почетокот на 2025 година?

Sase Ivanovski

Уставниот суд одби да му ги достави на обвинителството бараните документи за изборите во Бугарија

Sase Ivanovski

Муцунски на официјална посета на Република Азербејџан

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Времето на илузии заврши, Европа е повикана да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана

Sase Ivanovski

Рокас: Реформите во јавните финансии се клучни за секоја држава што се подготвува за ЕУ

Sase Ivanovski

Филипче до работниците: Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

СДСМ ја повика Антикорупциска да постапи по случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација

Sase Ivanovski

Прегазена малолетничка на улица во Скопје

Sase Ivanovski

Прегазена пензионерка во Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вучиќ: Повик до сите актери на политичката сцена да не користат насилство во својата борба

Sase Ivanovski

Дипломатски кам-бек на Макрон: Од внатрешната криза во Франција до преобликување на одбраната на Европа

Sase Ivanovski

„Да зборуваме за здравјето“ – Денеска зборуваме со доц. д-р Оливер Бушљетиќ, спец. по интерна медицина супспец. кардиолог, за ТАВИ процедурата, замена на аортната валвула без операција

Sase Ivanovski

Во рамки на Неделата на борба против срцево-садови заболувања, Одделот за психологија и психотерапија при Жан Митрев Клиника и оваа година организираше предавања и работилници за волонтерите на Црвен крст на град Скопје како и бесплатни кардиолошки прегледи за ранлива категорија на граѓани

Sase Ivanovski

Во Жан Митрев Центарот за мајка и бебе, мајката е во центарот на нашето внимание. Затоа за вас подготвивме специјални пакети за породување

Sase Ivanovski

Д-р Жан Митрев го честита празникот 8 Март на сите жени

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев, Скопје вработува болничар во сала

Sase Ivanovski

ЈАНЧЕВ: ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ ЗАТВОРЕНИОТ БАЗЕН ВО КАВАДАРЦИ

Sase Ivanovski

ЈАНЧЕВ: ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НОВИОТ ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ БИДЕ ВО ФУНКЦИЈА

Sase Ivanovski

Јанчев: Градежни активности во селата во Бошавијата!

Sase Ivanovski

Јанчев: Вработени при општина Кавадарци во соработка со СОУ ,,Ѓорче Петров” извршија пошумување на дел од градски парк Љупчо Шкартов

Sase Ivanovski

ВО СОУ „КИРО СПАНЏОВ БРКО“ ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ

Sase Ivanovski

Јанчев: Во тек е изградбата на новиот парк во близина на СОЗШУ „Ѓорче Петров“

Sase Ivanovski

Јанчев: Пред и потоа ⬇️ Ски центар ,,Михајлово”

Sase Ivanovski

Наместо кај општините парите за превоз на ученици во приватни џебови – зошто нема јавен превоз?

Sase Ivanovski

Јанчев: Започна со пробивање на нов пат во должина од 4000метри, од село Куманичево кон Тиквешко езеро

Sase Ivanovski

Јанчев: Во изминатите две недели на територијата на Општина Кавадарци бевме сведоци на околу 20 пожари на повеќе локации

Sase Ivanovski

Одбележан Меѓународниот ден на ретките болести во ООУ „Јан Амос Коменски“!

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КАРПОШ: БЕСПЛАТЕН ЕХО ПРЕГЛЕД НА ДОЈКИ ЗА ДЕВОЈКИ ОД 20 ДО 30 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

БОСАНСКИОТ ВЕЛЕМАЈСТОР ДЕНИС КАДРИЌ ПОБЕДНИК НА ШАХОВСКИОТ ТУРНИР „КАРПОШ РАПИД 2025

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КАРПОШ: СТУДЕНТИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ СО КРЕАТИВНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР

Sase Ivanovski

Општина Карпош: Неодговорноста зема данок, кој директно го загрозува човечкото здравје. Во конкретниот случај потешко е повредено еден малолетник кој случајно поминувал во паркот измеѓу улицата Никола Русински и Карпошево Востание и врз него паднало дрво

Sase Ivanovski

Општина Карпош: По наредба на јавното обвинителство, ЈП Паркови и зеленило во текот на вчерашниот ден итно го отстрани остатокот од паднатото дрво кое повреди десетгодишно дете

Sase Ivanovski
Вчитувам....