Аргентинскиот суд задолжен за судењето во врска со смртта на Диего Марадона нареди апсење на поранешниот телохранител на аргентинската фудбалска ѕвезда, Хулио Корија, поради лажно сведочење.
Судиите ги прифатија доказите на обвинителството во врска со кривичното дело лажно сведочење, извести судот. Во Буенос Аирес се води судски процес против седум медицински работници за небрежност што потенцијално придонела за смртта на Марадона.