Санкциите му забрануваат на Порошенко, кој беше претседател од 2014 до 2019 година, да ја напушти Украина и да располага со својот имот. Ова е значајна ескалација на внатрешнополитичките тензии во земјата, три години по почетокот на руската инвазија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одобри санкции против својот политички ривал и поранешен претседател Петро Порошенко, што предизвика бурни реакции во парламентот, каде што негови приврзаници ја прекинаа седницата.
Санкциите му забрануваат на Порошенко, кој беше претседател од 2014 до 2019 година, да ја напушти Украина и да располага со својот имот. Ова е значајна ескалација на внатрешнополитичките тензии во земјата, три години по почетокот на руската инвазија. Дополнително, му е забрането да се појавува на телевизија и да користи интернет. – Ја браниме нашата земја и ја враќаме правдата: сите што ја загрозуваа националната безбедност на Украина и му помагаа на непријателот, ќе одговараат, изјави Зеленски во пресрет на официјалното соопштение за санкциите. Порошенко, лидер на опозициската партија „Европска солидарност“, ги нарече мерките „политички мотивирани“ и „незаконски“. Тој го обвини Зеленски дека „удира врз внатрешното единство“ на земјата.
На денешното заседание во Врховната Рада (украинскиот парламент), приврзаници на Порошенко насилно влегоа во пленарната сала, скандирајќи „Срамота!“ и го прекинаа парламентарниот процес, пренесуваат украинските медиуми. Според украинскиот претседател, воведените санкции нема да бидат последни. – Санкциите се воведени поради повлекувањето на милијарди гривни за време на војната, рече Зеленски. – Едноставно сум изненаден што финансискиот мониторинг не ни покажа ништо претходно. Не го видов тоа, и тешко е да се каже како беше пред мене. Сега Службата за безбедност и финансискиот мониторинг покажуваат милијарди. И сите овие луѓе, (Виктор) Медведчук и Порошенко, тие се партнери во овој случај, но не сакам да обвинувам, туку го оставам тоа на судовите. Санкциите се ограничувања за денес за користење одредени пари кои се заработени на ваков незаконски начин – рече претседателот на Украина. Зеленски, исто така, објави дека има информации за наводно перење пари преку средства наменети за поддршка на украинската армија.
Според него, парите од средствата биле префрлени на членовите на партијата Европска солидарност. Тој, исто така, додаде дека оние кои биле подложени на санкции можат да ги вратат средствата во буџетот. Тие ќе бидат насочени кон вооружените сили. Тогаш санкциите ќе бидат укинати, рече Зеленски. Петро Порошенко ја нарече одлуката за воведување санкции против него „неуставна“ и „политички мотивирана“. Тој рече дека целиот тим на претседателот Володимир Зеленски, Кабинетот на министри и членовите на Советот за национална безбедност и одбрана наводно биле вклучени во ова. Санкции се изречени и против Константин Жевахо, поранешен пратеник и сопственик на банката Finance and Credit. Санкциите вклучуваат лишување од државни награди, замрзнување на имотот, ограничувања на трговските трансакции и забрана за стекнување земјиште. Исто така, луѓето против кои се воведени санкции мора да запрат со сите зделки, вклучително и во секторите за безбедност и одбрана. Овие санкции се на неопределено време. Исто така, под санкции е и поранешниот пратеник Виктор Медведчук, кој замина во Русија како дел од размена во септември 2022 година, е обвинет за велепредавство во Украина, како и бизнисменот Ихор Коломојски кој е уапсен од септември 2023 година под сомнение за измама. Во мај 2024 година, тој беше обвинет за организирање нарачано убиство.