Во периодот од 9 до 12 часот денеска заради изведување на технички активности ќе биде пренасочен сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани, информира Министерството за внатрешни работи. Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип – Кочани.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.