Град Скопје како носител на престижната титула Европска престолнина на културата во 2028 година, при посетата на претставници од Европскиот совет, панелот на ЕУ за Европска престолнина на културата и Европската делегација од Скопје организираше работен состанок на кој се дискутираа идните чекори за успешно спроведување на овој проект.
За време на овој состанокот, беше нагласена важноста од интеграцијата на најдобрите практики и поттикнување на соработката со претходните Европски престолнини на културата. Овој пристап на соработка има за цел да обезбеди Скопје да ги надмине очекувањата од оваа исклучителна титула. Дискусиите, исто така, ја нагласија силната институционална поддршка и посветеност на културната визија на градот.Сеопфатна анализа со користење на пристап на моделирање ги откри значителните позитивни влијанија од ЕПК титулата. Меѓу 68-те анализирани градови домаќини, во регионите што претходно ја носеа титулата доживеаа значителен пораст во туризмот, со просечно зголемување од 3,2% до 6,2% во бројот на туристи по настанот.
Понатаму, се покажа дека ознаката за Европска претстолнина на културата ги стимулира локалните економии со потенцијално зголемување на можностите за вработување. Регионите што биле домаќини на настанот забележале зголемување на вкупната вработеност од 2,2% до 3,2%, што се должи на зголемената побарувачка и во услужниот сектор и во културните и креативните индустрии.
Економските придобивки имаат и позитивно влијание врз регионалниот БДП по глава на жител. Носителите на титулата прикажуваат зголемување на БДП по глава на жител од 1,1% до 4,34%.
Скопје не само што ќе го подигне својот статус на европската културна мапа, туку до оваа титула ќе се поттикне одржлив раст и просперитет за целиот регион.