24.8 C
Скопје
18/05/2024 15:48
МАКТЕЛ

  

     

 

Последната битка за Работнички дом: Кој сака да ја земе вредната зграда на ССМ!?

      

Текстот е објавен на 22 февруари 2024 година во неделникот Фокус со број 1.48!. Пред неколку дена, во повод Меѓународниот ден на трудот, се одржа традиционалниот првомајски протест во организација на Сојузот на синдикати, кој почна пред добро познатиот Работнички дом, кој, како што рече првиот синдикалец Слободан Трендафилов, сакаат да им го конфискуваат. Неодамна, „Фокус“ пишуваше за судскиот спор поврзан со вредната зграда на ССМ, кој трае уште од 2005 година. Воедно, остваривме разговор и со Трендафилов, кој порача дека борбата за домот е борба за работнички права. Пишува: Дејан АЗЕСКИ

   

Случајот со зградата на ССМ доби пошироко внимание во јавноста. Официјалната верзија веќе ја знаеме. Но, бидејќи сигурно има и неофицијални информации, се обративме до Сојузот на синдикатите, институција што управува со оваа зграда веќе седум децении. Од таму велат дека ССМ, особено во последните неколку години, спроведува бескомпромисна борба за заштита на работничките права и сето тоа им пречи на носителите на власта, па затоа ова го сметаат за една од главните причини за последната одлука на Врховниот суд за одземање на нивниот имот. Сепак, од она што успеавме да го посведочиме при посетата на спорната зграда, односно при соочувањето со самиот нејзин габарит, грандиозност и идеална локација, бев сигурен дека овој редок деловен облакодер би бил од корист на државата, без разлика дали тоа ќе биде за продажба на блиски луѓе до власта или за бесконечно полнење со нови благонадежни партиски вработувања.

 

ПРАВЕН ПРЕСЕДАН. Од ССМ се децидни дека се работи за пример (на одземање/конфискација на имот на синдикат од страна на државата) каков што нема во историјата на синдикалното движење ниту во земјите на нашето опкружување, ниту во држави од поранешниот социјалистички и комунистички систем, ниту, пак, во земјите на ЕУ и светот.

   

     

Хронолошки гледано, ова е прилично долг спор, бидејќи државата почнала со процесот уште во 2005 година со јасна цел да го одземе имотот на оваа организација.

Според мислењето на актуелниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, веројатно целта била да се наштети на единствената класна работничка организација, а тоа е Сојузот на синдикатите на Македонија.

– Спорот трае 18 години, и во текот на целиот период сите пресуди на првостепениот и апелациониот суд се во корист на ССМ, сѐ до последната пресуда во 2024 година, кога Врховниот суд без никакви нови факти, без почитување на Уставот, на законите, на одлуките на Уставниот суд, без почитување на пресудата на Врховниот суд од 2004 година, ги преиначува досегашните пресуди и за првпат носи пресуда во корист на државата.

ССМ смета дека се работи за директно кршење на Конвенцијата за право на синдикално здружување и организирање, која е ратификувана кај нас, а со тоа и се прави атак на синдикализмот во Македонија – вели Трендафилов.

Работата е уште попроблематична, бидејќи се работи за имот, односно за Работнички дом, кој е сопственост на ССМ повеќе од 70 години и кој за целиот тој период не ја променил намената. Притоа, Синдикатот за целиот период вложувал и значителни средства во неговото одржување.

– ССМ во текот на постапката достави докази и целокупна документација дека зградата на ССМ, Работнички дом во Скопје е стекната по основ на градба на име на синдикатот и со средства од синдикалната членарина, која е исклучиво од платата на работниците – членови на синдикатот, кои по своја волја одвојувале дел од својата плата за синдикална членарина и средствата ги насочиле за изградба на синдикалниот дом – велат од ССМ.

Според претседателот Трендафилов, ССМ во своето 70-годишно постоење, никогаш не бил финансиран од државата, ниту добил имот од државата, а основен извор на средства на синдикатот е синдикалната членарина добиена од работниците членови на синдикатот.

– Синдикатите и според меѓународните трудови стандарди и правото на ЕУ се посебна категорија на организации. Тие се претставници на работниците, наспроти преставниците на власта и работодавачите.

Синдикатите, ниту по националното законодавство, ниту според меѓународните закони не смеат и не можат да бидат финансирани и помагани од државата, така е и со нашиот синдикат. Ние сме и сме биле независни партнери на власта и работодавачите, сѐ што имаме е постигнато со нашите средства, капацитети и можности – вели тој.

Според него, одземањето на имотот има за цел уништување на ССМ, како најстар и најброен синдикат во државата и единствен социјален партнер.

Воедно, тој не ја исклучува и можноста и да се работи за тесногради и коруптивни интереси за приграбување туѓ имот од позиција на власт на поединци и моќници.

ОДБРАНА НА СИТЕ НАЧИНИ

Од Сојузот на синдикатите веќе јавно побараа одговорност за судиите за кои сметаат дека го занемариле националното и меѓународното  право и стручноста и преиспитувањето на спорната одлука од релевантни, стручни и некорумпирани носители на судската власт.

Од таму очекуваат Уставниот суд на државата да се заинтересира за повредата на правото на синдикално организирање и здружување, а преземаат активности и за постапка за заштита на нивните права пред Меѓународниот суд за човекови права.

Според Трендафилов, од формално-правен аспект, преземени се сите можни чекори и организацијата се има обратено буквално на сите адреси. Ако и тоа не вроди со плод, тој ни потврди дека планираат да ја бранат зградата и со протести и со блокади.

– Се обративме до партиите, здруженијата на борци, пензионери, општествени организации и здруженија на граѓани, кои исто така можат да бидат засегнати од оваа незаконита одлука за одземање на синдикалниот имот, која може да послужи како пример за одземање на нивните имоти, особено ако во правниот промет опстои ваквата срамна пресуда за конфискација на Работнички дом.

Се обративме до стручната фела и до универзитетските професори да го кажат својот став за положбата и улогата на синдикатот во државата и општеството, за неговата посебност, специфичност и самостојност и во минатото, во историјата на почетоците на синдикализмот и сега во современи услови на синдикално опстојување и функционирање.

Се обративме до канцеларијата на ЕУ и до амбасадите во државата, до претставниците на канцеларијата на МОТ, ИТУК и ЕТУК, братските синдикати во нашето непосредно опкружување.

Добиваме безрезервна поддршка од братските синдикати и од Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) од името на 340 Сојузи на синдикати од 169 држави во светот, кои заедно бројат 191 милион работници нивни членови, понудена ни е помош со сите ресурси на меѓународните синдикални асоцијации, кои патем речено ни укажаа дека нема пример на одземање синдикален имот во светски рамки и дека во нашата држава се случува прв атак од ваков вид врз синдикалниот имот, а со тоа и врз синдикализмот, воопшто.

Се обративме до носителите на власта во државата и бараме решавање на проблемот наметнат од Врховниот суд по пат на дијалог, како што доликува на демократска и европски ориентирана држава, како што се декларира и нашата држава.

Очекуваме поддршка и реакција од сите институции, кои сѐ уште работат и функционираат врз основа на начелото на законитост, правда и правичност и ги предупредуваме дека бавната реакција сега во нашиот случај ќе отвори лавина од нови случаи, многу институции или поединци ќе ги изгубат незаконито своите права и имоти, а ќе се охрабрат сите што се нестручни и корумпирани уште повеќе да го засилат своето негативно и деструктивно однесување, со што ќе се деградираат државата и општеството во целост.

Се обративме до сите надлежни и компетентни за никој да не може да се амнестира од одговорност – вели тој.

Експертите и познавачите на состојбите што ги контактиравме на оваа тема велат дека нема многу примери во праксата кога некој успеал да ја промени одлуката на Врховниот суд, но истовремено посочуваат дека широката фама што се создаде околу ова прашање во јавноста им дава можност на синдикалците да ја продолжат својата борба.

И ДРЖАВАТА ИМА СВОИ АРГУМЕНТИ

Инаку, Врховниот суд ја носи спорната пресуда за одземање на зградата од ССМ на 9 ноември 2023 година по жалба на државата во спорот за утврдување на сопственоста на зградата со Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во образложението на пресудата се наведува дека Врховниот суд, одлуката ја донел врз основа на член 82 од Законот за здруженија на граѓани и фондации, според која, имотот и средствата доделени на општествените организации и здруженија на граѓани, добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници, се државна сопственост.

Предметниот објект – административна зграда и земјиште се сопственост на тужителот, согласно одредба од член 82 од Законот за здруженија на граѓани и фондации, бидејќи правниот претходник на тужениот, истите ги изградил и ги стекнал во поголем дел со средствата добиени од тужителот како правен следбеник на тогашната НР Македонија, а не со сопствени средства, со оглед дека тие во периодот на изградба на објектот, со својот правен субјективитет немал, ниту можел да има сопствени средства“, велат од Судот.

Судот наведува и дека во периодот кога е изградена зградата, правниот претходник на ССМ бил општествено-политичка организација, која не извршувала стопанска дејност поради што немала и не можела да има сопствени приходи за стекнување имот.

 

Разговор со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
БОРБАТА ЗА РАБОТНИЧКИ ДОМ Е БОРБА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА!

ФОКУС: Каква е состојбата со работничките права и кои активности ги планира синдикатот за оваа година?
ТРЕНДАФИЛОВ:
 ССМ, како најброен синдикат во државата, но и како единствен репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер се грижи за интересите на своето членство, но и на сите работници.

Предизвиците со работничките права во државата се големи, за тоа зборуваат и бројните штрајкови организирани во последните две години од ССМ и синдикатите во неговиот состав.

Само силната реакција на ССМ и синдикатите во состав на ССМ придонесоа за склучување на ОКД за јавен сектор по 15 години, со кој се уреди правото на регрес за годишен одмор, зголемување на платата за 10 отсто, јубилејни награди за 10, 20, 30 и 40 години, зголемени додатоци на плата и други права.

Преговарачките и стручните познавања и способности на ССМ, но и штрајковите водени од ССМ, доведоа до промени во Законот за минималната плата, во насока на мерила и критериуми за перманентно зголемување на минималната плата, и тоа за само 2,5 години, ја зголемивме за повеќе од 7.500 денари, како и нејзино влијание за зголемување на речиси сите плати во државата, кои само минатата година со дополнителното зголемување на платите во јавниот сектор, тие пораснаа меѓу 15 отсто и 40 отсто, а во приватниот сектор, таму каде што сме синдикално организирани, тоа се случи многу порано.

Секојдневно контактираме со незадоволни работници, во текот на  2023 година, правните застапници и синдикалните претставници на ССМ, регионалните синдикални претставништва и канцеларии и синдикатите здружени во ССМ обезбедија бесплатна правна помош и заштита за околу 10.534 обраќања на членови на ССМ и работници во врска со нарушени права од работен однос.

Преку мобилната апликација ССМ-Мои работнички права, во текот на  2023 година, во ССМ се евидентирани 10.534 обраќања по разни основи за заштита на правата од работен однос, од кои 41 отсто се обраќања на членови на ССМ, 59 отсто на работници што не се членови на ССМ, 60 отсто се анонимни пријави, 68 отсто се пријави за себе, а 32 отсто се пријави во име на друг.

Од добиените податоци, може да се види дека најголемиот број обраќања се по основ на: неисплатен регрес за годишен одмор 16 отсто, неисплатена плата, додатоци, придонеси од плата 15 отсто, променет договор за вработување 10 отсто, прекувремена работа 9 отсто, отказ од работа 4 отсто.

Најголемиот број обраќања за заштита на работничките права се од: текстилната, кожарската и чевларската индустрија 8 отсто; здравство, фармација и социјална заштита 8 отсто; Трговија 8 отсто; Прехранбена индустрија 6 отсто; Безбедност 6 отсто; Државни и управни органи 4 отсто;  Градежништво 4 отсто; Комунални дејности 4 отсто, Угостителство 4 отсто; Метална индустрија 4 отсто, Сообраќај и врски 4 отсто.

Обезбедување на принципите на МОТ за пристојна работа се програмска задача и цел на ССМ, тоа може да се обезбеди преку активности за зголемување на платите, намалување на сиромаштијата, подобрување на пазарот на трудот, социјалната сигурност, спречување на дискриминацијата по сите основи и заштита на животната средина.

Насочени сме кон донесувањето на новиот Закон за работните односи, постапка која трае повеќе од 5 години и во која исклучиво бараме примена на европските стандарди за уредување на работничките права.

Се залагаме за донесување измени или донесување нов Закон за БЗР, Закон за заштита од вознемирување на работа и други закони, кои значат правна рамка за унапредување и заштита на работничките права. Се залагаме за нов ОКД за приватниот сектор, како и потпишување колективни договори на сите нивоа.

Наша цел е развој и унапредување на социјалниот дијалог, почитување и целосно реализирање на заклучоците и активностите договорени на ЕСС и ЛЕСС.

ФОКУС: Дали вие лично или некој од актуелното раководство е директно или индиректно поврзан со која било политичка партија?
ТРЕНДАФИЛОВ: 
Синдикатот, согласно Уставот на државата и меѓународните документи, има огромно поле за работа и ангажман, нашето влијание од година во година е сѐ поголемо, се изборивме преку работата на ЕСС да бидеме дел од креаторите на националните стратегии и политики во државата, од аспект на економско-социјалната положба на работниците и граѓаните.

Нашата борба е насочена кон обезбедување европски права и можности за работниците и членството, таа борба ја водиме само синдикално со 70.000 членови на синдикатите здружени во ССМ, а не со членување во политичките партии.

Нашата борба е работничка, а не политичка, па поради тоа од политичките партии и носителите на власта бараме програмите да содржат активности за унапредување на работничките права, како и отчетност за сработеното на тој план, само така ќе ја добијат нашата поддршка.

ФОКУС: Какво е искуството од другите големи синдикати во Европа. Дали се тие политички или како било општествено активни и што од нивните примери вие би сакале да следите?
ТРЕНДАФИЛОВ:
 Нагласувам дека Сојузот на синдикатите на Македонија единствено треба да биде активен на полето на заштита и унапредување на работничките права, а секој синдикат има право и целосна слобода да одлучува за патот по кој ќе ја остварува својата улога во општеството.

Сојузот на синдикатите на Македонија научил многу од грешките во минатото и нив не смее да ги повторува во иднина, особено поради тоа што работничките права треба единствено да бидат во фокусот, не само на ССМ, туку и на другите синдикати, а синдикатите не треба да се впуштаат во политички води.

Ние сме свесни за улогата и силата на синдикалното движење во Македонија, како и улогата и силата на ССМ, а успеавме да им го презентираме тоа и на работниците од кои ја добиваме целосната поддршка, а особено поради тоа што 70.000 членови на ССМ и синдикатите здружени во ССМ ја одлучуваат судбината на политичките субјекти што претендираат да ја водат државата, па тоа треба сериозно да го земат предвид, затоа што нападот на ССМ е напад на 70.000 работници.

ФОКУС: Дали сакате да испратите некоја порака?
ТРЕНДАФИЛОВ:
 Борбата што ја водиме за зачувување на Работнички дом, паралелно ја водиме и за зачувување на работничките права, а особено од почетокот на 2024 година, кога и преку протести и штрајкови за овие месец и половина успеавме да ги зачуваме и да ги зголемиме работничките плати, кои некој сакаше на мала врата да ги намали, особено за истакнување е штрајкот во Фондот за здравство, каде што се планираше намалување на платите за 21 отсто, што го спречивме.

За истакнување е склучувањето на неколку колективни договори пред распишувањето на изборите, во кои се зголемија платите на вработените некаде и за 30 отсто.

Се разбира, нашата главна борба во овие месеци е да не се дозволи во Собранието, во последните денови пред изборите да се злоупотребува европското знаме за носење закони по скратена постапка со кои се предвидува кратење на работничките права, особено со Законот за административните службеници со кој планираат да направат штета по платите на работниците за тие да не се усогласат со минималната плата, односно да не се зголемат за најмалку 2.500 денари со платата за месец март 2024 година.

Апелираме до сите политички чинители, да не се обидуваат да прават штета на работниците во овие неколку месеци до распуштање на Собранието, особено поради фактот што во следните месеци ќе им треба поддршката токму од работниците, па доколку им направат штета денес, не можат да очекуваат поддршка утре.

    

Најново

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА: 1990-TA ТРЕБАШЕ ДА БИДАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЛАДИНА НА ЈУГОСЛАВИЈА НА ПРЕДЛОГ НА НОВИНАРКАТА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА РАСПАЛИ ПО ДАНЕЛА, ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ, МИЛЧИН, РАСКАЖА СЛУЧКИ СО БРЕГОВИЌ, БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

Sase Ivanovski

ПРВ УСПЕХ НА ВМРО ДПМНЕ: ПАК НЕ ИМА НА ББЦ И ЦНН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: ВМРО ДПМНЕ 5 ДЕНА ЈА ПРОВОЦИРА ГРЦИЈА И НЕ ПРАВИ СИТЕ БУДАЛИ

Sase Ivanovski

БУЈАР ОСМАНИ: ВЛАДА СО НЕЛЕГИТИМНИ АЛБАНЦИ Е ИСТО КАКО ВЛАДА БЕЗ АЛБАНЦИ

Sase Ivanovski

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

Sase Ivanovski

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ…“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

Sase Ivanovski

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

Sase Ivanovski

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица – Панче Заев и Г’на дебитанти

Sase Ivanovski

Одобренијата за градба стопирани, законите заглавени во Собрание, коj сака да гради ќе мора да чека

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

Sase Ivanovski

ФИЦО Е САМО ПОЧЕТОК, ВО ОПАСНОСТ СЕ СИТЕ ШТО НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО АГЕНДАТА НА ЗАПАДОТ Руските политичари упатија предупредување

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

ЛУДО ВИДЕО: СРБИН КУПУВА БИГ МЕК ОД МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНСКИ МЕКДОНАЛДС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАГАНИНИ НА ГИТАРАТА“ ЈА ВООДУШЕВИ БЕЛГРАДСКАТА ПУБЛИКА Младиот Марцин го покажа својот раскошен талент

Sase Ivanovski

Средба на раководството на СВР Скопје со претставниците на мисијата на ОБСЕ

Sase Ivanovski

РЕДОВНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ Превентивните прегледи се важни и од финансиски аспект

Sase Ivanovski

РАБОТЕЊЕТО ОД ДОМА Е ПОДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕТО Германска студија ги покажала предностите на онлајн работата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТРЕСНА СЦЕНА ЈА ТРОГНА ХРВАТСКА Пожарникари спасија исплашено куче, сопственикот плачеше

Sase Ivanovski

ПОТРЕБЕН НИ Е 5% РАСТ, ТОГАШ МОЖЕБИ БИ СЕ ВРАТИЛА И ДИЈАСПОРАТА Комората и Македонија2025 договориле конкретна соработка

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРУВАЛЕ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ Поднесени две обвиненија за директори на училишта во струшко

Sase Ivanovski

НОВИ 44 СЛУЧАИ НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА Вкупната бројка на заболени достигна 597

Sase Ivanovski

ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ МИЦКОСКИ АКО СЕ ПОДОБРУВА ДОГОВОРОТ ЗА АВТОПАТОТ, ВЕЛИ АЗЕСКИ „Бехтел и Енка“ се зачлениле во Стопанската комора

Sase Ivanovski

ГО ФАТИЛ ДЕТЕТО ЗА УВО И ГО ТЕГНЕЛ, А СОПРУГАТА ЈА ДРЖЕЛА НАСТАВНИЧКАТА Детали за инцидентот во битолското училиште

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не планираме да го освоиме градот“

Sase Ivanovski

ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ ИМАЛ СООБРАЌАЈКА Поранешниот претседател на Србија не е повреден

Sase Ivanovski

Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје “ на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

Пентагон: Проектот за пристаништето Газа е завршен, помошта наскоро ќе дојде

Sase Ivanovski

Сообраќајка кај „Џамбо“: Автомобил се заби во бандера

Sase Ivanovski

Фанта-финта со Преспанскиот

Sase Ivanovski

Уште две обвиненија за Рамиз Мерко за незаконско назначување директори на училишта

Sase Ivanovski

Заслужен пораз и незаслужена победа

Sase Ivanovski

Ахмети е доволно возрасен за да ја води конститутивната седница која е планирана за 27 мај

Sase Ivanovski

Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Sase Ivanovski

Словачките политичари повикуваат на смиреност на политичките тензии во државата: Да се намали и со кампањата за изборите за Европскиот парламент

Sase Ivanovski

(ФОТО) Османи со бројни билатерални средби во Стразбур

Sase Ivanovski

Калинак: Состојбата на Фицо по новата операција е стабилна, но многу тешка

Sase Ivanovski

Aнализа: Дали Нетанјаху има план за „ден по“ војната во Газа?

Sase Ivanovski

Словачка на работ од граѓанска војна: политичарите повикуваат на смиреност

Sase Ivanovski

Генерално чистење на дивите депонии во Битола

Sase Ivanovski

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта, се молиме за него

Sase Ivanovski

Водачот на Хутите: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Зеленски признава дека ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Sase Ivanovski

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на ДИК

Sase Ivanovski

Нов критички одглас за романот на годината од Димковска – критички осврт на Мојсова-Чепишевска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силно невреме го зафати Хјустон: има загинати, а градот е во мрак

Sase Ivanovski

Здружението на судии апелира реформата на судството да биде аргументирана, а третата власт да биде вклучена

Sase Ivanovski

Путин вели дека Русија создава тампон зона крај Харков и не планира освојување на градот

Sase Ivanovski

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Sase Ivanovski

Бербок вели дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да го одбрани Харков

Sase Ivanovski

,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Sase Ivanovski

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski
Вчитувам....