Поставени нови заштитни столбчиња и санирање оштетените заштитни столбови на повеќе градски улици и булевари. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатиот месец поставиле вкупно 212 нови заштитни столпчиња на неколку сообраќајници и тоа на улиците Димитрие Чуповски, Козле, Филип Втори, Перо Наков, на булеварот Гоце Делчев и кај Музејот на македонската борба.
Паралелно со поставувањето на новите, се вршла и санација на оштетените и искршени заштитни столпчиња , при што се обновени 844 на повеќе градски сообраќајници. Одржувањето на сообраќајната опрема, санацијата на оштетени и обновувањето со нови заштитни столбчиња се изведува со цел спречување на непрописно паркирање на возилата, како и за зголемување на безбедноста на пешаците, велат од претпријатието.