Подморницата, која припаѓала на хотелот „Синдбад“ во Хургада, била на редовна тура за разгледување на коралните гребени. Испловила околу 10 часот наутро и потонала на околу 1 километар (приближно половина милја) од брегот. Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не беа овластени да даваат изјави за медиумите, пренесува Асошиејтед Прес. Екипите за итна помош спасиле 29 лица од потонатата подморница во близина на една од плажите во туристичката област на Хургада. Според руските конзуларни претставници во Хургада, на бродот (подморницата) имало 45 патници, сите руски државјани, меѓу кои и малолетни лица, како и членови на екипажот. Не е јасно колку членови на екипажот биле на бродот.
Подморницата, која припаѓала на хотелот „Синдбад“ во Хургада, била на редовна тура за разгледување на коралните гребени. Испловила околу 10 часот наутро и потонала на околу 1 километар (приближно половина милја) од брегот. Спасените лица биле пренесени во болници и се во стабилна состојба, соопшти руското конзулатство. Причината за потонувањето на подморницата сè уште не е позната. Според веб-страницата на компанијата „Sindbad Submarines“ со седиште во Хургада, пловилото имало 44 седишта за патници, две седишта за пилоти и кружен прозорец за гледање за секој патник. Во ноември, туристичка јахта потона во Црвеното Море поради предупредувања за брановито море, соопштија египетските власти. Најмалку четири лица се удавија, а 33 беа спасени. Туризмот е важен сектор за египетската економија, но многу туристички компании ги прекинаа или ограничија патувањата во Црвеното Море поради ризиците од конфликти во регионот. Извор: Новинска агенција МЕТА