Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени откако утрово туристичка подморница потона во близина на брегот на египетскиот град Хургада на Црвеното Море, пренесува Би-би-си. На местото на несреќата се испратени над 20 возила на Итната медицинска помош. Повредените се пренесени во блиските болници. Се претпоставува дека на бродот имало околу 40 патници. Компанијата што стопанисувала со потонатата подморница веќе неколку години нуди туристички патувања во областа Хургада.
Со подморницата туристите имаат можност да патуваат 25 метри под нивото на морето. Ова не е прв инцидент со туристички бродови во Хургада. Во ноември минатата година потона туристички брод, кога загинаа 11 лица, а 35 се преживеани. Тогаш египетските власти ја припишаа катастрофата на огромен бран до четири метри, кој го потопил бродот.