„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). Маратонецот Дарио Ивановски, тaеквондистката Милјана Релјиќ и пливачот Никола Ѓуретановиќ, се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15000 денари. – Согласно мисијата на обложувалниците „Sport Life“ и како општествено одговорна компанија, преку чинот на стипендирање, сакавме да го наградиме успехот на нашите млади и талентирани спортисти, и да им помогнеме во овогодинешните предизвици со кои се соочуваат на спортски и професионален план. Се надеваме и посакуваме нашата заедничка соработка да придонесе за уште подобри спортски резултати и секако за нивен настап на следните Олимписки игри во 2028 година во Лос Анџелес. – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на компанијата „Sport Life“.
Тренерот на маратонецот и олимпиец Дарио Ивановски, Игор Јакимовски, во однос на стипендијата, изјави дека поддршката на врвните спортисти е клучна алка за развојот, напредокот и континуитетот на самиот спортист.
Својата благодарност ја искажаа и нашиот пливач и олимпиец, Никола Ѓуретановиќ и Горан Стаменов, главен Тренер на ПК „Вардар 2018“. – Навистина сум благодарен за оваа стипендија од „Sport Life“, која ми дава мотив да продолжам напорно да работам и да ги поместувам границите. Оваа поддршка е признание за моите достигнувања и ќе ми помогне во подготовките за големите натпреварувања. Се надевам дека со моите успеси ќе инспирирам уште многу млади пливачи да веруваат во себе и да ги следат своите соништа, изјави Никола Ѓуретановиќ, нашиот рекордер во пливање. – Оваа стипендија од „Sport Life“ не е само финансиска поддршка, туку и силен мотив за Никола и за сите талентирани млади пливачи кои сонуваат за големи спортски успеси. За Никола, ова значи уште повеќе вложување во тренинзи, подготовки и настапи на меѓународната сцена, каде што веќе докажува дека е меѓу најдобрите. Ќе продолжиме да го градиме патот кон нови рекорди, поголеми натпреварувања и репрезентативни настапи за Македонија. Од името на ПК „Вардар 2018“, од Никола и неговото семејство, упатуваме огромна благодарност за искажаната доверба, која покажува дека трудот, дисциплината и посветеноста се вреднуваат, истакна Стаменов.
За спортистите добитници на стипендиите: Маратонецот Дарио Ивановски, е првиот атлетичар кој остварил норма за Олимписки игри. Тој има истрчано бројни атлетски патеки и дистанци во кариерата, а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во 2020, на кој следната година и победи. Во последните години неколкупати го подобруваше државниот рекорд во маратон, што во моментов изнесува два часа, осум минути и 26 секунди. Тој е првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка. Таеквондистката Милјана Релиќ, беше знаменосецот на нашите олимпијци на минатогодишните летни Олимписки игри во Париз, каде и ја победи двојната олимписка и светска шампионка од Велика Британија Џејд Џонс. Таа има освоено бронзен медал на Европското првенство во теквондо У-21 во Букурешт 2024 година, како и бројни медали од најсилните Г класа турнири, во Турција, Израел, Естонија, Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Романија итн. Прогласена е за наша најдобра спортистка за 2024 г. од Министерството за спорт, МОК и од бројни организации. Пливачот Никола Ѓуретановиќ од ПК „Вардар 2018“, е државен рекордер во пливање на 400 m, 800 m и 1500 m слободно, златен медалист на Државното првенство на Македонија во дисциплините 200 m и 400 m слободно, 100 m и 200 m грбно, 100 m и 200 m градно и 200 m и 400 m мешано. Од поновите успеси, ги вбројуваме: финалист на Меѓународниот пливачки натпревар „Свети Никола” – Ниш, на 400 m и на 1500 m и личните рекорди и норми за учество на Купот на мултинации (Кипар), на Европското јуниорско првенство (Словачка) и на Светското јуниорско првенство (Романија).