27.8 C
Скопје
09/06/2025 11:29
МАКТЕЛ

   

Потпишан работниот план со Трезорот на САД за зајакнување на капацитетите за управување со јавните финансии, сузбивање на сивата економија и корупцијата

      

Соединетите Американски Држави, како еден од најважните стратешки партнери на
Република Северна Македонија ја поддржува интеграцијата на државата во ЕУ, и двете земји
во наредните пет години ќе работат на заеднички проект чија цел е зачувување на
финансиските интереси и стабилност на финансискиот систем преку поголема ефикасност на
институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и
сузбивање на корупцијата. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, директорката на
Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорката за приходна политика и
администрација при Трезорот на САД, Парвина Шамсиева Коен го потпишаа Работниот план за
Проектот за зајакнување на капацитетите за Управата за јавни приходи и Царинската управа
за 2023 – 2024 година. Планот беше потпишан во присуство на министерот за финансии
Фатмир Бесими кој на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд
во Вашингтон ги потпиша дефинираните услови за работа под коишто треба да работат двете
институции се со цел остварување на дефинираните цели.

Во рамки на проектот двете институции воспоставуваат соработка со Канцеларијата за
техничка помош при Трезорот на САД, којашто ќе обезбеди експертиза за зајакнување на
капацитетите, како и поддршка во напорите за реформи и модернизација кои се преземаат во
рамки на Царинската управа и Управата за јавни приходи.

   

„Континуирано работиме на имплементација на реформа во управувањето со јавните
финансии и овој договор денеска е придонес кон зајакнување на јавните финасии, борба со
корупцијата и сивата економија. САД, се наш стратешки партнер, а оваа иницијатива уште
повеќе го зацврстува нашето партнерство. Трезорот на САД дава значајна техничка помош на
земјата во зајакнување во управувањето со јавните финансии, ефикасноста, транспареноста и
отчетноста на јавните финансии, како во справување со сивата економија. На овој начин ќе ги
зајакнаме капацитетите на нашите институции, а крајната цел е економски просперитет“, рече
министерот за финансии Фатмир Бесими и додаде дека тие процеси истовремено се
спроведуваат со воведување  нови современи дигитални платформи, како што е
Интегрираниот информациски систем за финансиско управување во Министерството за
финансии – ИФМИС,  Интегриран даночен информациски систем (ИДИС) и  Информациски
систем за управување со државна помош – САМИС.

Директорката за приходна политика и администрација при Трезорот на САД, Парвина
Шамсиева Коен истакна дека Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД им помага
на земјите-партнери кои се ориентирани кон реформи за зајакнување на управувањето со
јавните финансии.

„Со задоволство ги поддржуваме напорите на Министерството за финансии за подобрување
на даночната и царинската администрација во Северна Македонија. Работниот план потпишан
денеска ја одразува широката, сеопфатна поддршка за градење капацитети од ОТА на
Царинската управа и Управата за јавни приходи во согласност со клучните национални
приоритети, вклучително и намалување на сивата економија, унапредена доброволна
усогласеност од даночните обврзници, мобилизација на домашни ресурси и борба против
корупцијата“, рече Коен.

Директорот Стефан Богоев вели дека потпишувањето на овој документ e доказ за силната
посветеност на Владата, Министерството за финансии и институциите, во спроведувањето
здрави фискални реформи кои ќе резултираат со забрзан и одржлив економски раст на
државата.

Во оваа насока со експертска помош од Трезорот на САД, Царинската управа, во рамки на
Работниот план за 2023 – 2024 година ќе работи на зајакнување на институционалните
капацитети за спроведување ефикасни контроли, правилна примена на прописите и
управување со ризиците во царинското работење. Ова се клучни области коишто ќе овозможат
елиминирање на сивата економија и корупцијата, како едни од највисоките приоритети на
Царинската управа, што ќе генерира повисоки приходи во Буџетот.

„Активностите дефинирани во овој Работен план ќе ја зголемат способноста на државата да
генерира повисоки и посигурни приходи, што ќе ја зголеми можноста Владата да испорача
јавни добра што ќе го поддржат растот на економијата. Ова значи повеќе средства за
здравство, за нови градинки и училишта, за подобра инфраструктурна конекција. Второ, ќе
овозможат олеснување на трговијата и непрекинат проток на стока преку зголемена
дигитализација на процесите, што ќе овозможи подобрување на условите за водење бизнис.
Трето, подобрување на капацитетите за водење ефикасни контроли, разузнавање и анализа на
ризик значително ќе придонесат за намалување на сивата економија. Крајно, активностите кои
ги дефиниравме со ОТА треба да придонесат за сузбивање на корупцијата, што ќе се овозможи
преку детектирање механизми за поголема контрола. Ова се едни од главните аспекти за
развој на државата и ќе работиме посветено на остварување на целите кои ги поставуваме со
овој Работен план“, вели Богоев.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вели дека со склучување на овој
18 месечен работен план, Управата за јавни приходи ќе добие техничка поддршка и обуки на
вработените за: зајакнување на капацитетите на инспекторатот, управувањето со долговите,
подобрување на услугите кон даночните обврзници, проектниот менаџмент, внатрешната
ревизија, како и јакнење на човечките капацитети како еден од најважните  ресурси  на
институцијата со цел брзи, ефикасни и ефективни услуги кон даночните обврзници.

„Оваа соработка за нас е од клучно значење  и доаѓа во време кога го спроведуваме
Реформскиот процес и градиме модерна, дигитализирана даночна администрација која ги
следи светските трендови и може да одговори на истите. Преку вашата поддршка и
многуфункционалните иницијативи ќе обезбедиме стабилност и сигурност, а истата ќе
помогне да се зајакнат и контролните механизми кои ги штитат интересите на граѓаните  и
бизнисите што пак од друга страна значи и придобивки на приходната страна на Буџетот“,
потенцира Лукаревска.

   

Најново

Анатомија на протестите во Лос Анџелес: Што навистина ја поттикна ерупцијата на незадоволството?

Sase Ivanovski

Секој втор странски работник сака да остане во Хрватска до крајот на својот живот

Sase Ivanovski

Ако ви доцни летот, ви следува надомест од 500 евра – нема повеќе „вонредни околности“ за авиокомпаниите

Sase Ivanovski

СДСМ: Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски до функционерите: Обврската која ја добивме од граѓаните е пред сè одговорност, сите мора одговорно да се однесувате кон секој народен денар

Sase Ivanovski

Мицкоски: СДС ги продаваше македонските интереси, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план

Sase Ivanovski

Мицкоски: Помина времето на криминалците и клановите, Македонија победува и припаѓа повторно на народот

Sase Ivanovski

Мнозинството Бугари работат во ниско платени сектори, не земаат ни просечна плата

Sase Ivanovski

Во Косјериќ советничката листа на Вучиќ победи со 51 глас повеќе од опозицијата

Sase Ivanovski

Мицкоски: За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи

Sase Ivanovski

Шолја кафе опасна по живот кога производителот не означува што ставил во пакувањето

Sase Ivanovski

Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените

Sase Ivanovski

САД го напаѓаат иранското „банкарство во сенка“ со нови санкции

Sase Ivanovski

Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг

Sase Ivanovski

ЕУ подготвува нов удар за Русија, сакаат да им ги попречат финансиските трансакции

Sase Ivanovski

БОМБА НА ФОКУС: Уапсен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, тој е тајниот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кој Обвинителство ја прошири истрагата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп се сопна при качување во авионот, едвај се задржа за да не падне

Sase Ivanovski

Владата да не го нарушува концептот „Вардарска долина“, реагираат од Здружението „Инженери на Република Македонија“

Sase Ivanovski

Утрово приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов

Sase Ivanovski

Инцидент во центарот на Подгорица – млад човек пукал во кафуле, повредени шест лица

Sase Ivanovski

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Со армиски хеликоптер евакуиран планинар кој паднал во провалија на Шар Планина

Sase Ivanovski

Муцунски во посета на Казахстан

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Трамп на состанок со воени претставници во Кемп Дејвид

Sase Ivanovski

Нов осомничен за пожарот во „Пулс“ е вистинскиот газда на обезбедувањето!

Sase Ivanovski

Руски ракетен напад во Западна Украина, Полска превентивно ги крена авионите

Sase Ivanovski

Рјабков: Намалувањето на трупите на НАТО во Источна Европа е корисно за безбедноста на целиот континент

Sase Ivanovski

Времето денес сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

ЌЕ ИМА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Еве ја прогнозата за времето неделава

Sase Ivanovski

НИЕ СМЕ ПРВИ ВО ЕВРОПА И ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕУ: Мицкоски се пофали

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

АЛКАРАЗ ГО ОДБРАНИ „РОЛАН ГАРОС“ Се играше најдолгото финале на турнирот во историјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАСК И ТРАМП ВО НОСТАЛГИЧНА БАЛАДА НА „ПИНК ФЛОЈД“ Ново ремек дело на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

Стототици туристи во Кушадаси биле цел на измама со картички

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Меѓудржавна спасувачка акција кај Ливадичко Езеро: Повредено лице спасено од бездна!

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Падна авион со 20 патници во Тенеси: 6 повредени, нема жртви

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Минхен: Португалија преку пенали до трофејот во Лигата на Нации

Sase Ivanovski

Дистрибуирани 17.000 пакети храна во Газа и покрај заканите од Хамас

Sase Ivanovski

Полицијата во Белград заплени 11 килограми кокаин

Sase Ivanovski

МНОГУ Е ГОЛЕМА СМРТНОСТА ОД НЕГО, СТЕ ЧУЛЕ ЛИ ЗА СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ?! СЕ ДОБИВА ОД МНОГУ СТРЕС, НЕКОГАШ И ОД МНОГУ РАДОСТ ИЛИ НАГЛА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Sase Ivanovski

Во ЗОО Скопје, беше отворена Хуманитарна изложба на студентските трудови изработени на работилницата , насловена „Биди суперхерој за животните“, при што беа откупени околу 25 акварели и цртежи

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Американскиот универзитет на Европа – ФОН, претставуван од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски, деканките проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Билјана Стојчевска, како и директорката Сезен Цаноска, и Управата за извршување на санкции, претставувана од директорот Александар Пандов

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На 4 јуни 2025 година, свечено беше отворена ИЗЛОЖБАТА НА СТУДЕНТСКИ ДЕЛА на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа -ФОН

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На утринската програма „Македонија на утро“ на МРТ, професорот Игор Шокаровски од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН, сподели теориски и стручни согледувања за влијанието на аудиовизуелната форма во пренесувањето информации, особено во контекст на претстојната кампања за локалните избори

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев Скопје, вработува .NET DEVELOPER 💻💾

Sase Ivanovski

ДРАЧ, ВАЛОНА, САРАНДА ИЛИ ТИРАНА Секој петти стан во Албанија бил купен од странец

Sase Ivanovski

Баба Монди првпат проговори каква ќе биде бекташката држава во Албанија

Sase Ivanovski

Гори депонијата во Неготино, по повеќе од три часовна борба пожарот е локализиран!

Sase Ivanovski

Битола „гори“, се слави новата титула: Фитиљ пак запеа, Алонсо се заблагодари на македонски! (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Капитенот на македонската ракометна репрезентација ги навреди Скопјани па се извини: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Sase Ivanovski

Мицкоски до младите: Останете тука, градете тука, Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност

Sase Ivanovski

Попов: Ние сме младите кои ја менуваат Македонија, за една година покажавме што значи грижа за младите и реализација на проекти

Sase Ivanovski

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Крит: Нов потрес на грчкиот остров

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Sase Ivanovski

Москва чека потврда од Киев за префрлање на телата на загинатите украински војници

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

Sase Ivanovski

Мицкоски најави борба за „декласирање и превоспитување“ на ДУИ

Sase Ivanovski

Израелската војска во подземен тунел во Газа го пронајде телото на убиениот лидер на Хамас

Sase Ivanovski

ФОТО | Белгија е веќе минато: Фудбалерите го одработија и последниот тренинг пред Казахстан

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на кратка средба со Макрон во Ница

Sase Ivanovski

Остра изјава на Медведев за Украина: Дезинфекцијата против паразити продолжува

Sase Ivanovski

ПОЧИНА МАТИЈА ДЕДИЌ Џез пијанистот е син на Габи Новак и на Арсен Дедиќ

Sase Ivanovski

Експерти ќе утврдуваат дали Железничката станица во Нови Сад ќе се урива или обновува

Sase Ivanovski

Апсења во Белград откако полицијата заплени кокаин вреден 1,2 милиони евра

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАЖ ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА, ГО ИЗВЛЕКУВАЛЕ СО ХЕЛИКОПТЕР Спасувачка акција кај Ливадичко Езеро

Sase Ivanovski

ОСТАНЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, БОРЕТЕ СЕ СО ВАШИОТ УМ, ИСПРАВЕТЕ СЕ! Мицкоски се обрати пред младите од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Заталкан куршум пробил кров од автомобил во Чаир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати во судар на камион и минибус во Танзанија

Sase Ivanovski

САД: Најпознатиот и најбогат тиктокер Каби Ламе уапсен поради истечена виза

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, да создадеме систем на ред и одговорност

Sase Ivanovski

Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3.000 метри стиплчез

Sase Ivanovski

Македонија сè повеќе се оддалечува од Европската унија, вели Јотова

Sase Ivanovski

Кичевчани ја притиснаа општината. Почна расчистување на депонијата во центарот на градот

Sase Ivanovski
Вчитувам....