ЛИДЛ МК: ” Се водиме од меѓународните стандарди и работиме во целосна согласност
со локалното законодавство и прописи. Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија „Алфа“.
На констатацијата од новинарот дека Движењето ЗНАМ е трн во око на СДСМ и на Левица и дека постојано се занимаваат со нив и ги напаѓаат, последен пат преку лидерот Максим Димитриевски за наводен криминал со ЛИДЛ, Бендевска беше децидна:
„ЛИДЛ Македонија за порталот МКД. мк соопшти, цитирам: -” Се водиме од меѓународните стандарди и работиме во целосна согласност со локалното законодавство и прописи. Како резултат на внимателно планирана инвестиција и транспарентен процес, ние сме присутни во Северна Македонија речиси пет години, цврсто поставувајќи ги темелите за нашата оперативност на пазарот. Досега, нашата компанија има инвестирано повеќе од 300 милиони евра во земјата и
има обезбедено стабилно и одговорно вработување за над 300 вработени. Во врска со вашиот интерес за нашата соработка со градоначалникот на Куманово и општината, можеме да кажеме дека во изминатите години работевме со низа актери и имавме исклучителна соработка со институциите на централно и локално ниво, на кои им се заблагодаруваме за нивната професионалност и партнерство. Ова ја вклучува и Општина Куманово“. Бендевска додаде дека СДСМ со лагите што ги пласира нема да успее да го задржи и онака малубројното членство и треба да се соочат со реалноста.