Никогаш не сум имал проблем да ги пофалам ВМРО ДПМНЕ кога ќе направат нешто добро, тоа сметам дека е добро за државата, кога партиите ќе дадат добра идеја и ќе направат нешто добро и корисно, не треба да се срамиме да ги пофалиме колку и да не се согласуваме со некои од нивните политики, во случајот срамното кокетирање со осудените за 27-ми април и крстоносната војна против СЈО, кочењето на патот кон ЕУ и инатењето со Бугарија итн итн… Но кратењето на администрацијата е една од најдобрите работи на правата десница и ги охрабрувам ВМРО ДПМНЕ да одат поагресивно во оваа насока и да пробаат да скратат и до 1 милијарда евра расходи годишно од буџетот, тоа ќе биде вистински патриотизам!