Починат маж пронајден во автомобил на подрачјето на Радишани. „На 30.03.2025 во 16.24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Радишани, во патничко возило „мерцедес“, сопственост на правно лице, бил пронајден починат С.М.(71) од Скопје.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“ соопшти МВР.