Почина д-р Славица Трајкова, инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот. Таа почина на 64-годишна возраст. На социјалните мрежи медицинската заедница и граѓаните се простуваат од неа со тага и искрено сочувство.
Македонската јавност ја памети како еден од најхрабрите лекари, иако дел од локална болница, застана на првата линија во борбата со коронавирусот за време на пандемијата.
Како специјалист по инфективни болести, се одзва на повикот на Министерството за здравство и несебично замина да помогне во епицентарот на заразата – градот Дебар, каде што во најтешките моменти лекуваше пациенти и придонесе во справувањето со кризата.
Голем дел од својата кариера ја посвети на Инфективното одделение при Општата болница во Велес, каде што со својата експертиза, посветеност и човечност остави неизбришлив белег.
„Со нејзината работа и посветеност кон пациентите, остави траен белег во болницата во Велес, пред сè на Инфективното одделение. Докторке, колешке, ќе ни останеш во убави спомени. Вечна ти слава.“ „Бог да ја прости! Голема загуба за Велес. Беше една, ако не и најдобрата докторка.“