Матија е син на познатите хрватски пејачи Арсен Дедиќ и Габи Новак.
Студирал пијано во Грац, а во текот на својата кариера соработувал со бројни домашни и странски музичари.Една од неговите највпечатливи работи е албумот „Матија го свири Арсен“, каде што ја преработи музиката на својот татко на трогателен и уметнички силен начин.Тој е добитник на неколку награди, меѓу кои и на „Порин“, најпрестижната хрватска музичка награда.