Вчера во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено-поправната установа Затвор Штип со знаци на труење бил донесен осуденикот Е.А.(21) од Штип, кој по кратко време починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.