Поглаварот на Албанската православна црква, почина на 95-годишна возраст. Тој почина утрово во болницата „Евангелизам“ во Атина, каде што се лекуваше од 3 јануари, соопшти Албанската православна црква. „Архиепископот Анастасиј „ја обнови и оживеа Православната автокефална црква на Албанија, целосно ја обнови од урнатините по падот на атеистичкиот режим“, се вели во соопштението на Албанската црква.
Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија Анастасиос (Јанулатос) е роден на 4 ноември 1929 година во Пиреја, пренесува Танјуг. Бил професор по историја на религиите (1972-1992) и декан на Теолошкиот факултет на Универзитетот во Атина (1983-1986). Има почесен докторат на 19 универзитети и факултети од Грција, САД, Кипар, Романија, Грузија, Албанија, Италија, а бил дописен член (1993-2005) и почесен член (од 2006) на Академијата на науките во Атина. За архиепископ Тирана и цела Албанија беше избран во јуни 1992 година, кога во исклучително тешки околности ја основа и ја разви автокефалната Албанска православна црква, која беше целосно запоставена во децениите на комунистичкиот режим.