Денеска во Белград на 70-годишна возраст почина Светлана Броз, кардиолог, активистка за човекови права и внука на Јосип Броз Тито.
Таа е коавторка на бројни мировни студии во светот, основач на невладина организација за едукација за граѓанска храброст. Таа е почесен граѓанин на Тузла и носителка на Националниот орден за заслуги на Франција. Погребот ќе биде во среда во Белград.