Вршителот на должноста министер за земјоделство на Косово, Фатон Пеци, изјави дека по неуспехот на двата обиди за конституирање нов парламент, постојат само два можни излеза од сегашната политичка ситуација: или формирање влада од страна на движењето „Самоопределување“ или нови избори, пренесуваат агенциите.
Според Пеци, предлогот на лидерот на ДПК, Мемљи Красниќи, за одржување избори на 15 јуни е можност што не треба да се исклучува. Друга опција што мислам дека е реална и може да се случи е да се оди на нови избори. Видов дека лидерот на ДПК даде конкретен предлог за 15 јуни. Не велам дека го поддржувам, но мислам дека не е лош предлог и не треба да се отфрли, рече Пеци.