Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, кој беше во бегство од 2003 година, вчеравечерта е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тој бил осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избегал од Македонија и се барал со меѓународна потерница.
Според информации на „Скопје1“, тој бил апсен во скопско Ченто односно местото викано Камник, а за доизлежување има уште пет години затвор.
Во 2005 година, при претреси кај командатот Бреза беа најдени купишта оружје. Од униформи, минофрлачи, гранати за РПГ, тенковски гранати до тешко воено оружје и 300 илјади парчиња куршуми.
Извор: skopje1.mk