Премиерот Димитар Ковачевски на 31 декември ќе биде во некое од скопските кафулиња, а потоа вечерта ќе ја заврши со семејството.Ковачевски, вели дека практиката на 31 декември да седне со другарите од детство во некое кафуле ја има секоја година.
„Како и секоја година ќе ја прославам Новата година. Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пријачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството“изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираната сала „Партизан“ во скопски Карпош.