Уште еден скандал под Шара, уште еден скандал кога игра Шкендија дома. Имено како што велат нашите информации, напаѓачот на Струга ТЛ, Марјан Радески од засега непознати лица, бил претепан. Треба да се каже дека Радески е некогашен играч на Шкендија, а денеска тој беше стрелецот на победничкиот гол за Струга ТЛ.
Се разбира дека сме во очекување на детали од овој немил настан. Навистина е чудно вакви скандалозни работи да се случуваат под Шара, или па ова нема врска со фудбалот.