Вие да давате дијагностика за мост, да ги плашите граѓаните на целиот град Скопје, да кажувате нешто за кое не сте излегле на лице место да го погледнете и да направите каква било анализа, да тврдите и да сеете страв. Деканот кажа многу работи за кои ниту една не се воспостави дека е вистинита, вели Арсовска во интервју за 360степени.
Во интервју за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје тврдеше дека деканот на Градежниот факултет по пижами давал дијагностика за мостот Беласица.
– Тој ли е истиот декан што од дома по пижами по телевизија даваше дијагностика на мостот, на тој мислите – кажа Арсовска.Новинарот ѝ сугерираше на Арсовска дека деканот не давал дијагностика за мостот туку дека има кажано оти во Македонија не постои институција што би испитала колку е тој мост безбеден. Тој исто така посочи дека ваквите квалификации „по пижами“ се непристојни од нејзина страна.Арсовска одговори:
– Вие да давате дијагностика за мост, да ги плашите граѓаните на целиот град Скопје, да кажувате нешто за кое не сте излегле на лице место да го погледнете и да направите каква било анализа, да тврдите и да сеете страв. Деканот кажа многу работи за кои ниту една не се воспостави дека е вистинита.