Изворот не дал повеќе детали. Мили и Герасимов последен пат разговараа во мај годинава.
Герасимов претходно разговараше со началникот на британскиот Генералштаб Тони Радакин, кој ги отфрли тврдењата на Москва дека Украина планира да преземе активности со кои ќе го ескалира конфликтот.
Британското министерство за одбрана соопшти дека „лидерите на двете армии се согласиле дека е неопходно да се држат отворени каналите за комуникација меѓу Британија и Русија, за да се избегне ризикот од погрешни проценки, но и да се овозможи деескалација”.