Украинскиот претседател Володимир Зеленски кој секоја вечер ѝ се обраќа на нацијата откако почна војната, синоќа емитуваше монтиран видеоматеријал насловен „три години апсолутно херојство“, што е несомнен факт за мнозинството светски аналитичари и политичари. Она што не се знае е кога ќе завладее трајниот мир и кои ќе бидат модалитетите. Поради предизборното ветување на Трамп мировното решение силно се турка, а примирјето веќе беше најавено од Вашингтон за Велигден, 20 април. Со тоа би требало да заврши најкрвавата и најголемата војна во Европа по Втората светска војна што започна со агресијата на Русија на 22.02.2024 година, пренесуваме текст во целост од Вистиномер.мк. Пишува: Теофил Блажевски Утрото на 24.02.2022 година оваа генерација во светот нема да го заборави поради шокот од реализацијата на рускиот план за целосна инвазија на Украина. Со тоа започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, предизвикувајќи притоа чемер и јад кај милиони луѓе, смрт на стотици илјади на двете страни и огромно разурнување на цели градови и населени места, заедно со целосната инфраструктура во нив. Украинскиот претседател Володимир Зеленски кој секоја вечер ѝ се обраќа на нацијата откако почна војната, синоќа емитуваше монтиран видеоматеријал насловен „три години апсолутно херојство“, што е несомнен факт за мнозинството светски аналитичари и политичари.
Војната која Москва лицемерно ја викаше „специјална воена операција“ цели две години, оваа година има добри шанси да заврши без оглед на непознатиот датум – аналитичари лицитираа дури со есен, а со примирјето до Велигден, т.е. 20 април, барем според желбата на новиот американски претседател. Покрај датумите непознато е дали мирот ќе биде т.н. „замрзнат конфликт“ или траен мир, бидејќи засега нема политичар или политичка опција во Украина што ќе ги признае анектираните територии, со исклучок на Крим кој беше заземен и анектиран од Русија уште во 2014 година, по настаните на плоштадот Мајдан во Киев.
Фото: Скриншот од видеото „Три години апсолутно херојство“ емитувано на Икс од Зеленски
Мир под притисок од ТрампШансите за мир енормно се зголемија по победата на Доналд Трамп на минатогодишните претседателски избори во САД, бидејќи во предизборната кампања ветуваше постигнување на мирот во рок од еден ден. Без оглед што тоа е невозможно, на севкупната и граѓанска и политичка јавност ѝ дојде како шок брзината со која прво беше остварен телефонски разговор од час и половина помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, а по неколку дена и првата директна средба помеѓу САД и Русија на високо ниво во Ријад, Саудиска Арабија. Веднаш по ова започна притисокот од Трамп до украинскиот претседател Зеленски, нарекувајќи го прво диктатор зашто владеел без избори, а потоа речиси индиректно и за човек кој ја започнал војната. Помеѓу овие два настана се случи и Минхенската безбедносна конференција на која европските лидери останаа шокирани по говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс кој им држеше лекции по демократија и слобода на говор преку примерите дека забранувале политичка акција на крајно десничарските партии и групации во политичкиот живот од земјите на ЕУ. Но, без оглед на ненадејното длабоко заладување на односите помеѓу САД и ЕУ и најголем дел од нејзините земји членки, шансите за мир во Украина оваа година остануваат, бидејќи освен за модалитетите под кој ќе биде постигнат и спроведуван, крајната цел останува иста, вклучувајќи ја и самата Украина, бидејќи Зеленски веќе изјави дека никој не го посакува мирот повеќе од неговата земја.
Помеѓу патот за мир и модалитетите на неговиот изглед и спроведување се испречи уште еден, овој пат „технички проблем“, кој се нарекува бизнис договор за користење на украинските ретки руди и минерали од страна на САД, нешто што Трамп го постави како услов пред околу две и пол недели со цел САД да биле обесштетени за стотината милијарди долари што ѝ ги дале на Украина за време на тригодишниот конфликт. Додуша постои „мала“ разлика во бројките – Трамп оперира со 300 милијарди, а Зеленски со околу стотина милијарди долари од кои големиот дел биле и кредити што завршувале кај американските производители на оружје. Иако првиот обид на САД Украина да го парафира договорот за време на Конференцијата во Минхен пропадна, вестите што доаѓаат од САД и од Киев во последните денови покажуваат напредок, а официјален Вашингтон дури и го најави потпишувањето за да крајот на оваа недела. Овој договор, без оглед на етичноста која е доведена во прашање поради клаузулите за ексклузивитет на кој инсистираат САД е важен на патот за мирот, бидејќи Вашингтон со тоа ја условува натамошната воена помош на Украина, без која и самиот Зеленски рече дека не е сигурен дали ќе може да ја продолжи војната доколку не биде постигнат мир. Важноста на ООН и на резолуциите Со оглед на фактот што Русија се спротивставува на какви било мировни трупи во Украина од земји членки на НАТО, уште помалку под капата на НАТО и со оглед на фактот што официјално нејзината доктрина за мултиполарност ја опфаќа и ревитализацијата на значењето на ООН, големо е значењето на верзијата на резолуцијата за Украина која кружи низ Советот за безбедност во ООН.

Всушност, според светските и домашните медиуми постојат две резолуции. Една што ја поднела Европската Унија предводена од Франција и Германија и друга што пред неколку дена ја поднесоа САД, а за која денеска се дозна јавно дека Северна Македонија е коспонзор заедно со Грузија и Унгарија. Разликите според медиумите е во квалификациите за Русија и за војната во Украина, а САД за првпат откако започна војната не учествува во заедничка драфт резолуција со евро-атлантските сојузници. Но, без оглед на судбината на двете драфт резолуции, за кои расправата и гласањето ќе започне на 24.02.2025 година, значењето на Обединетите нации, барем за спроведувањето на мирот во Украина останува многу големо, со оглед на сегашните позиции на Русија кон тоа прашање. Северна Македонија освен со досегашната воена и цивилна помош за Киев, можно е да учествува и со сегмент од армиските припадници, без оглед на големината и бројноста, особено ако војската што ќе биде на линијата на демаркацијата и ќе го надгледува спроведувањето на мирот бидат под знамето на ООН. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар. Извор: Новинска агенција МЕТА