По 10 години криење, синот на Владимир Путин, Иван Владимирович, за прв пат е виден во јавност. Наводно тајниот син на Владимир Путин и неговата долгогодишна партнерка, поранешната гимнастичарка и олимписка шампионка Алина Кабаева, првпат е виден во јавноста, пренесува опозицискиот руски телеграмски канал „VChK-OGPU“. Момчето за кое се вели дека се вика Иван Владимирович Путин и има околу десет години, до сега беше целосно криено од очите на јавноста. На фотографијата објавена од каналот со врски во руските безбедносни структури, Иван е опишан како „најосаменото момче во Русија“ кое речиси нема контакт со своите врсници и живее под постојан надзор на дадилки, учителки и чувари. Наводно, тој има и помлад брат Владимир Џуниор, кој има четири години.
Путин никогаш јавно не ја признал својата врска со Кабаева, ниту дека имаат деца, иако за време на телевизиско гостување минатата година алудирал на „малите членови на семејството“ со кои гледа бајки. Официјален Кремљ се уште го негира постоењето на нивната врска, иако независниот истражувачки центар „Dossier Centre“ тврди дека има докази за постоење на два сина од врската. Иако Dossier Centre тврди дека има слики од двете момчиња, тие одлучиле да не ги објавуваат од етички причини, туку инсистираат на тоа дека нивниот раскошен живот е легитимно прашање од јавен интерес.