33.8 C
Скопје
03/06/2025 16:50
МАКТЕЛ

   

ПО 10.000 ЕВРА ЗА МЛАДИТЕ КОИ ЌЕ ОТВОРАТ СТАРТАП Владата најави поддршка за сите кои ќе сакаат да се вработат

      

720 невработени млади, помлади од 29 години, со минимум основно образование кои ќе основаат сопствен бизнис ќе добијат до 10.000 евра (615.000 денари) неповратна помош од државата и дополнително 50 евра за регистрација на бизнисот.Владата преку мерки за вработување планира годинава да го намали бројот на млади и други невработени лица и да легализира бизниси на лица кои се пријавуваат како невработени. Притоа планира да потроши 40 милиони евра за вработување на 16.057 лица.

Ова е предвидено во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година.
Преку овие мерки се овозможува директна помош за бизниси на млади и млади брачни парови, но и обука на возачи и вработување 400 пожарникари и 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

   

Во фокус младите до 29 години
720 невработени млади, помлади од 29 години, со минимум основно образование кои ќе основаат сопствен бизнис ќе добијат до 10.000 евра (615.000 денари) неповратна помош од државата и дополнително 50 евра за регистрација на бизнисот.

Право на добивање ваква помош имаат невработени на возраст до 29 години, потоа невработени лица со попреченост, жени жртви на родово насилство припадници на ромската заедница, како и повратници. Сите треба да се помлади од 29 години.Владата планира да помогне и 610 невработени постари од 29 години кои исто така ќе отворат сопствен бизнис. Тие ќе добиваат грант од 7.000 евра и 50 евра за регистрација на бизнисот.

Доколку основач на бизнисот е лице со попреченост и вработи дополнителен број невработени во својот бизнис на возраст до 29 години, ќе добие и дополнителна помош од државата од 250.000 денари, а ако вработените се постари од 29 години помошта ќе изнесува 220.000 денари.
Право да добијат ваква помош имаат невработени лица постари од 29 години, за мажи до 60 години, за жени до 58 години, потоа невработени лица со попреченост, жени жртви на родово насилство припадници на ромската заедница како и повратници. Овие мерки важат и за лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис а се пријавуваат како невработени.

Државата очекува овие бизниси успешно да работат, а сопствениците и вработените да добијат статус на вработени на неопределено време, но ако корисникот на мерката во рок од 2 години го затвори бизнисот ќе треба да врати 60 или 80% од поддршката.Државата нема да финансира бизниси со земјоделска дејност, такси превоз, производство на оружје или бизниси за игри на среќа, како и приватни агенции за вработување. Исклучок се лицата со попреченост, кои можат да формираат бизниси од земјоделска дејност или да се занимаваат со такси превоз и невработени жени од рурални средини кои можат да отворат бизнис до земјоделска дејност.

Ќе се поттикнуваат и млади брачни двојки да отворат сопствен бизнис
Преку мерката за поддршка за самовработување (претприемаштво) – здружување на корисници во друштво со ограничена одговорност, се планира да се вработат 400 лица со минимум основно образование. Од нив 220 ќе бидат невработени помлади од 29 години.Брачни партнери кои се невработени и се помлади од 29 години и ќе отворат друштво со ограничена одговорност ќе добијат 20.000 евра, додека 14.000 евра ќе добие бизнис во кој се опфатени брачни партнери постари од 29 години. И овие невработени ќе добијат по 50 евра за регистрација на бизнисот.

Корисници на оваа финансиска поддршка се невработени лица, мажи и жени, жртви на родово насилство, на семејно насилство, невработени Роми.
Прифатливи се и бизнис-планови од жени од рурални средини што ќе отворат бизнис од земјоделска дејност.И оваа мерка можат да ја користат сопственици на бизниси кои не се формализирани, а кои се пријавуваат како невработени.

Правниот субјект се регистрира како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица и секој ќе има 50% удел во него.
Ако престане со работа пред истекот од две години од основањето, ќе мора да врати 60 или 80% од грантот. Дополнително корисниците нема да можат да се вратат на списокот на невработени во АВРМ.

И бизнисите кои ќе вработуваат ќе се офајдат
Со мерките за вработување се опфатени и бизниси кои ќе креираат работни места. На ваков начин е планирано да се вработат 1.570 невработени лица од евидентираните во АВРСМ, и тоа лица до 29 години, но и над 29 години, корисници на помош и Роми.

Поддршката за вработување ќе се движи од 13.000 евра до 20.300 евра во зависност од бројот на одобрени вработувања.
Висината на грантот за вработување на едно лице до 29 години достигнува 4.000 евра.За корисници на помош, Роми, лица со попреченост и за долгорочно невработени лица, висината на грантот е 220.000 денари (3.577 евра), додека за невработени лица постари од 29 години висината на грантот достигнува 160.000 денари (2.600 евра).

Корисници на грантот се микро, мали и средни претпријатија и граѓански организации што планираат нови работни места.
Работодавецот што вработува невработено лице од оваа програма мора да го задржи нововработените лице 15 месеци за млади до 29 години, или 12 месеци за постари од 29 години. Исто така не смее да го намали вкупниот број на вработени на неопределено време што го имал на денот на аплицирање, но ниту бројот на лицата опфатени со мерката. Во случај на смрт или пензија има рок од 30 дена да вработи ново лице.

Посебна мерка е планирана за поддршка на вработување на лица со попреченост со попреченост. Со неа се планира вработување на 150 лица.
Со оваа мерка бизнисите кои ќе вработат лица со попреченост ќе добијат средства во износ од 20 просечни нето-плати, за слепо лице 40 плати, додека за адаптација на работно место се доделуваат 100.000 денари. За набавка на опрема се доделуваат 200 просечни плати исплатени во Македонија.

Работодавецот што ќе вработи лица со попреченост е должен да обезбеди соодветни услови за работа, не смее да го намали вкупниот број на вработени во рок од три години од вработувањето лице со попреченост, должен е редовно да исплаќа плата, а вработените лица да работат во согласност со договореното.

Обуки во компании
Во планот за вработување предвидени се и обуки на невработени.
254 невработени лица ќе можат да се обучуваат кај конкретен работодавач. Овие лица ќе добиваат месечен надомест од 12.000 денари со осигурување до три месеци додека трае обуката од страна на агенцијата, додека работодавецот ќе добие вкупно 25.000 денари по обучено лице.

Се планираат и обуки за барани занимања со кои ќе се опфатат 600 невработени лица, и за нив се планираат 12.000 денари месечно и осигурување, додека обучувачите ќе добијат 30.000 денари по обучено лице.Предвидена е и мерка обуки за возачи за Ц, Ц+Е и Д-категорија, за вкупно 200 невработени лица, кои ќе се реализираат во лиценцирани автошколи.

Главен критериум за овој вид обука да се исполнети законските услови за полагање на овие возачки категории. Кандидатот по завршувањето на обуката има рок од 4 месеци да го полага возачкиот испит.Обука за стекнување основни вештини како изучување странски јазици со која се планира опфат на 320 лица, како и обука за компјутери каде што ќе бидат опфатени 400 лица, но и обуки за претприемаштво, бизнис-планирање со која ќе бидат опфатени 500 невработени лица.

350 невработени ќе можат да користат обука за напредни ИТ вештини. Овие обуки за наменети за невработени кои се помлади од 40 години.
Вкупно 1352 невработени лица помлади од 29 години ќе можат да ја користат мерката практикантство за која се определуваат по 12.000 денари по невработен. Тие треба да имаат најмалку средно образование. Компанијата која ќе се пријави за оваа мерка треба да има најмалку едно вработено лице на неопределено време.

400 пожарникари за општините
600 лица ќе бидат ангажирани и преку мерката јавна работа во локалните самоуправи, за што се издвојуваат по 800 денари по ангажман.
Владата планира да вработи и 400 невработени како пожарникари со плата од 24.000 денари.Планиран е и ангажман на невработени во општокорисна работа со поддршка од 28.000 денари. Времетраењето на ова вработување е 18 месеци, а средствата за 6 месеци ангажман ги покрива владата, остатокот општината која ги ангажира.
И во оваа програма останува исплатата на младинскиот додаток за младите до 23 години, а е планирано и вработување преку зелени вложувања. На ваков начин ќе се вработат 200 лица.

   

Најново

СЛАВЕСКИ Е СВЕТСКИ ПОЗНАТ ЕКСПЕРТ КОЈ ЗАД СЕБЕ НЕМА АФЕРИ Сиљановска Давкова ги отфрли критиките за гувернерот

Sase Ivanovski

НАЈСТРОГО ЧУВАНАТА ТАЈНА ЗА МАШКАТА СЕКСУАЛНОСТ НА ВОЗРАСТ 60+ Мастурбацијата – табу или лек?

Sase Ivanovski

РЕНТАЛ ПРОСТИТУТКИ, ИМА БОГАТО ХУЛИГАНСКО МИНАТО Кој е новиот претседател на Полска?

Sase Ivanovski

МОЖЕТЕ ЛИ ДА ИЗДРЖИТЕ ЕДЕН ДЕН БЕЗ МОБИЛЕН? Како дигиталната детоксикација ги менува мозокот, телото и расположението

Sase Ivanovski

ГЛАД ЗА ДОПИР Дали на момчињата навистина не им требаат прегратки?

Sase Ivanovski

СЀ ШТО ТРЕБА ДА СЕ РАЗНЕСЕ, ЌЕ СЕ РАЗНЕСЕ, А ОНИЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСТРЕБАТ – ЌЕ ИСЧЕЗНАТ Целта на Русија е целосна победа, посочи Медведев

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е НА ЧЕТВРТО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Пред нас се само Ирска, Данска и Полска

Sase Ivanovski

(Видео) Поплавен пазар во Битола: „Одличен пример за скандинавско езеро“

Sase Ivanovski

МНР ќе троши 4.3 милиони денари за ресторански и хотелски услуги во земјава

Sase Ivanovski

УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети во светот

Sase Ivanovski

За Бугарија извештајот на ЕП за Македонија бил необјективен. Бара истрага

Sase Ivanovski

Пијан возач во Пробиштип со автомобилот удрил во дрво

Sase Ivanovski

Албанија наскоро би можела да ја престигне Хрватска и да има дури 30 милиони туристи

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Руски цивили фрлаат камења кон украински дронови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СО ЕДЕН ТОН ЕКСПЛОЗИВ ДЕТОНИРАН КРИМСКИОТ МОСТ Се појавија снимки од уништувањето

Sase Ivanovski

СДСМ: Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Андоновски: Во соработка со МВР работиме на дигиталниот паричник за сите граѓани

Sase Ivanovski

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опструкциите на владата ја кочат работата на Општина Карпош, во школо со 25 деца со пречки во развојот немаме дефектолог затоа што владата не дозволува вработување

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Од две градинки во Карпош правиме една, бидејќи нема персонал, владата не дозволува нови вработувања, се пожали Јакимовски

Sase Ivanovski

Левица: Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената реалност

Sase Ivanovski

На 12 јуни ќе се бира новиот министер за здравство, порача премиерот

Sase Ivanovski

Филипче: Го слушам премиерот Мицкоски како ја цитира Библијата, ако продолжи вака ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

Прегазено е деветгодишно девојче во Гостивар

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Затоа што по јавна наредба ботовите на Висар Вики Ганиу се пуштени на најјако да полемизираат на тема Водовод, не дека им мисли главата туку дека крими шефот така им рекол, да појаснам за јавноста

Sase Ivanovski

Огњен Лазиќ ја презема функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова, инспекторка за економски криминал?

Sase Ivanovski

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“: Ова е вистината за нашата ќерка, а обвинителството конечно да излезе на прес и да ги каже деталите од истрагата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЕРОВСКИ: И да има бегалски кампови, тие ќе бидат привремени, кој сака да остане во земјава?!

Sase Ivanovski

ОЈО утврди дека објектот во Чаир е дивоградба, отворена постапка против инвеститорот

Sase Ivanovski

Ова што се случува меѓу градоначалниците е предизборен циркус, вели Тошковски

Sase Ivanovski

Битката околу дивоградбите се префрла во градскиот Совет: Денеска две вонредни седници, една побара СДСМ, друга ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Тошковски: Судот му го вратил пасошот на Јахоски за да патува, МВР постапува по нивните одлуки

Sase Ivanovski

Маж од Прилепско истепан од својот колега во фабрика во Жабени

Sase Ivanovski

Приведен скопјанецот кој ѝ се заканувал на Арсовска, полицијата го расчистува случајот

Sase Ivanovski

Приведен кавадарчанец кој си ја натепал сопругата

Sase Ivanovski

Најновата бугарска резолуција за Сиљановска-Давкова е навредлива: Во некоја друга држава би следувала иста таква декларација

Sase Ivanovski

Гази Баба со 3.000 денари за секое прваче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опожарена депонија близу Арачиново

Sase Ivanovski

Над 500 пешаци биле казнети во мај поради непочитување на сообраќајните правила

Sase Ivanovski

Двајцата заболени со мајмунски сипаници се под здравствен надзор, изолирани дома – нивните контакти досега не пројавиле симптоми

Sase Ivanovski

Приведен скопјанец за издржување казна затвор од 11 години

Sase Ivanovski

Јакимовски размислува за уште еден мандат, не сака Карпош да го остави на кого било

Sase Ivanovski

ДУИ ќе настапи со отворени листи на следните парламентарни избори

Sase Ivanovski

Арсовска до Мицкоски: И покрај заканите јас не се повлекувам, за сè имам докази

Sase Ivanovski

Марта Кос се нуди како олеснувач во разговорите меѓу Бугарија и Македонија

Sase Ivanovski

Договорот со Обединетото Кралство е извонреден, смета Сиљановска-Давкова

Sase Ivanovski

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

Sase Ivanovski

Тошковски: Прашање е како е донесена одлука да му се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука

Sase Ivanovski

Се забрануваат протести пред Собрание, Африм Гаши бара прогласување безбедносна зона околу зградата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЧ НЕ Е ПАМЕТНО ДА ПЛАНИНАРИШ НА АКТИВЕН ВУЛКАН, ВАКА БЕГАА ВЧЕРА НА ЕТНА

Sase Ivanovski

Грчките електро компании го најавија бранот летни поскапувања на струјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пет полицајци убиени во заседа на наркобандите во Мексико

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Активисти украдоа восочна фигура од Макрон и ја поставија пред руската амбасада во Париз

Sase Ivanovski

АЕК ја чека одлуката за натпреварот со Алкалоид со многу проблеми: Навивачите бесни по поразот од Олимпијакос

Sase Ivanovski

Напаѓачот од Колорадо цела година го планирал нападот врз Евреите: Би го направил тоа повторно

Sase Ivanovski

14-годишен Палестинец убиен од израелски оган на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Најмалку петмина загинати во руските напади во Донецк и Харков

Sase Ivanovski

Израелските сили пукале врз Палестинците на 500 метри од дистрибутивниот центар во Рафа

Sase Ivanovski

Орбан: Руско-украинската војна добива загрижувачки нов пресврт, се продлабочува

Sase Ivanovski

Пратеници од Левица се сретнаа со францускиот амбасадор

Sase Ivanovski

Пратениците ќе ја „чешлаат“ работата на Судскиот совет

Sase Ivanovski

Јужна Кореја избира нов претседател

Sase Ivanovski

Лутник: Се очекува договор меѓу САД и Индија за царините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Турција: Почина девојче, има голем број повредени

Sase Ivanovski

Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во Запорожје поради нападот со украински дрон

Sase Ivanovski

Трамп му честиташе на Навроцки за победата во Полска: Избравте победник

Sase Ivanovski

ПАД НА ПАТНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Април сепак изненадил

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силни земјотреси ја погодија Турција, девојче почина по напад на паника, луѓе скокаа од балкони

Sase Ivanovski

ЛИЦАТА НАД 55 ГОДИНИ МНОГУ ПОТЕШКО СЕ ВРАБОТУВААТ – нов пад на невработените регистрираше Агенцијата за вработување

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали фалат пари од Фондот затоа што две фирми добиваат огромни буџети?

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Буџетот за наука двојно зголемен, зголемен и оперативниот план за вработувања со 2,5 милијарди денари, Владата продолжува со инвестиции во здравството

Sase Ivanovski

Македонија и натаму земја со најголеми загуби на електрична енергија, за тоа сме платиле висока цена од 90 милиони евра

Sase Ivanovski

Герасимовски: Мора да ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена, не затрупаа во смет!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА СЕ ИСПЛАШИ ОД БОМБИТЕ ВО КРИВОЛАК

Sase Ivanovski

Ќе ги дадам милијардите за Африка – не сакам да умрам богат, вели Бил Гејтс

Sase Ivanovski

НАЈНОВО: Богојески го суспендирал Мерко од ЕУ фондови!

Sase Ivanovski

Маж казнет со 240 фунти откако го запалил Куранот пред турската амбасада во Лондон

Sase Ivanovski
Вчитувам....