После 11 години секојдневна заедничка кафе дружба, забави, споделување радосни моменти, славење титули, родендени, имендени, запросувања и уште многу спомени кои засекогаш ќе останат, а требаше уште да траат, #Концепт Хибрид Бар престанува со работа.
Иако не постои едноставен начин ваква информација јавно да се сподели, како на наши верни посетители должни сме да ве известиме за околностите под кои оваа одлука беше донесена.

Во меѓувреме, Струмица како единствен град во Македонија превзеде активности со кои ни беше наложено постоечките времени објекти- тераси, да ги одстраниме. Со тоа, понатамошмото постоење на Концепт хибрид бар без летната тераса ја губи својата смисла.
Како општествено одговорни граѓани ќе постапиме по барањата на општината и ќе останеме доследни во почитувањето на прописите.
Ни беше чест што ја имавме можноста да бидеме дел од вашите животни случувања. Горди сме што успеавме да одржиме ниво на квалитет надалеку препознатливо. Бевме и ќе останеме запаметени по врвниот квалитет и беспрекорната услуга. Тука завршува оваа наше заедничко дружење.
Останете во добро здравје и чувајте се меѓусебно. Струмица е мал град.
Вашиот Концепт Хибрид Бар тим 
