22.8 C
Скопје
10/05/2025 16:12
МАКТЕЛ

     

Прва био – супа без синтетски адитиви, иновација на македонката Моника Стојанова

      

Био – супа, индустриски произведена дехидрирана зеленчукова супа, без синтетски адитиви, збогатена со екстракти од медицински печурки, собрани од македонските планини, е најновиот иновативен производ на македонката Моника Стојанова, доктор на науки во областа на прехранбена индустрија, односно технолошка микробиологија. Супите поседуваат антиоксидативни, антимикробни и имуномодулаторни својства, поради што спаѓаат во т.н. функционална храна, чии екстракти се произведени од македонски печурки и во македонски услови. Стојанова истражувањето го правела како докторант под раководство на универзитетски професори од Универзитетот во Белград. – Создадовме нешто светско, но сепак, наше Македонско, вака почна разговорот со младата иноваторка, која за МИА сподели како дошла до идеја за добивање целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови. Со консумирање една порција дневно од био-супата се внесува нутритивно полновреден оброк, со биоактивни компоненти со антиоксидативно и антимикробно дејство.

Големата употреба на синтетички адитиви во храната инспирација за истражувањето – Идејата за истражувањето, направено под раководство на професорите, д-р Миомир Никшиќ и д-р Милена Пантиќ од Катедрата за технолошка микробиологија на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Белград, според Стојанова, дошла од потребата за безбедноста на храната и користењето синтетски адитиви за подобрување на бојата и аромата на производот, конзерванси и слично. – Согледувајќи ги главните „критични точки” во прехранбената индустрија во ланецот индустрија – квалитетна храна – потрошувачи, и инспирирани од помислата да се произведе целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови, спонтано и низ долги разговори со моите професори, дојдовме до идеја да создадеме еден целосно нов производ. Да се соочиме со предизвиците во научното истражување, кои почнуваат меѓу лабораториските ѕидови и сето тоа да се обидеме да го имплементираме во практиката зачекорувајќи низ лавиринтот на индустриските погони. Накусо, така за првпат во Македонија и во светот настана нашиот нов производ био-супа, индустриски произведена дехидрирана зеленчукова супа, без примена на синтетски адитиви, а збогатена со екстракти од неколку видови диви печурки собрани од македонските планини, истакна Стојанова.

   

Прв производ со екстракт од македонски печурки – Истражувањето почнало со селекција и избор на три видови диви печурки, собрани од неколку локации во државата: Suillus granulatus, јадлива печука со народно име волчјо лепче и медицинските Coriolus versicolor, познати како мисиркина опашка и Fuscoporia torulosa. – Најнапред беа извршени детални хемиски анализи на свежите, а потоа и на сушените печурки. Потоа, во лабораториски услови произведовме екстракти од овие печурки. Со оглед на тоа што до сега не постоеја никакви истражувања за биолошкиот потенцијал на македонските печурки, на почетокот немавме никакви очекувања ниту предвидувања во оваа насока. Затоа, спроведовме детални хемиски и биолошки анализи на добиените екстракти, кои меѓу другото опфатија утврдување на содржината на феноли, флавоноиди, глукани, протеини, in vitro утврдување на антиоксидативниот, антимикробниот и антиканцерогениот потенцијал. Бевме навистина пријатно изненадени кога почнавме да ги добиваме резултатите, кои беа фасцинантни. Реткост е сите овие компоненти да се најдат во толку големи концентрации собрани во еден производ, појаснува Стојанова, нагласувајќи дека тие можат да се искористат како додаток во било кој производ. Овој производ, како што подвлече, е прв од ваков вид во светски рамки. – Позната е употребата на екстракти од печурки како реиши, кордицепс, маитаке и други во кафе, чај, козметички производи. И во Македонија имаме производи во чиј состав ги има тие екстракти од печурки. Но, тоа се увозни печурки/екстракти, па и производи, од странско поднебје, истакна Стојанова, која пред само четири години иновираше македонски традиционален колбас без хемиски адитиви.

Индустриските супи содржат појачувач на арома (МНГ или Е621), кој предизвикува несакани појави кај конзументите – Супите во современото општество, претставуваат еден од најдобрите инстант производи, кои се многу популарни. Го задоволуваат критериумот за брза подготовка во денешното динамично време, но за разлика од брзата храна, според нашата соговорничка, супите претставуваат многу хранлив оброк, кој ги задоволува дневните нутритивни потреби (во зависност од состојките) и може да ги употребуваат сите видови потрошувачки групи. – Но, кај индустриски произведените супи, покрај сите овие позитивни карактеристики, негативен аспект е тоа што, покрај останатите синтетски адитиви, содржат појачувач на аромата – мононатриум глутаминат (МНГ или познат како Е621). Бројни студии покажуваат дека МНГ е поврзан со несакани појави меѓу потрошувачите, како главоболки, тегоби, забрзана срцева активност, па сѐ до посериозни здравствени нарушувања, појаснува Стојанова. За аплицирање на добиените екстракти во супите, прецизира дека најпрво тие поминале низ процесот лиофилизација (заради нивната полутечна форма, со процесот на лиофилизација се претворени во форма на прав, за посоодветно аплицирање во дехидрирани производи), со што дошло до уште поголемо концентрирање на сите биоактивни компоненти, а со тоа и до уште поголема биолошка активност. Од друга страна, пак, ја исклучиле употребата на сите адитиви, посебно на МНГ. Производството на био – супите било направено во македонска прехранбена индустрија.

– На овој начин, се доби целосно нов производ: дехидрирана зеленчукова супа збогатена со екстракт од медицински печурки, без МНГ (вкусот го заменивме со додавање на сушен вргањ). Со детални хемиски и биолошки анализи беше утврдено дека овој производ, покрај исклучителниот нутритивен состав, поседува јака антиоксидативна активност и јака антимикробна активност (супата беше тестирана на 12 видови патогени микроорганизми, од кои позначајни се Listeria monocytogenes, Escherichia coli, Salmonella Enteritidis, Staphylococcus aureus, Candida albicans и др.). Конвенционалните зеленчукови супи не поседуваат ниту едно од овие својства кои ги добивме во новокреираната Био-супа. Тоа значи дека со консумирање една порција дневно од Био-супата имаме нутритивно полновреден оброк, а внесуваме и биоактивни компоненти со антиоксидативно дејство, кои го прочистуваат организмот од слободните радикали и антимикробно дејство, односно дејствуваат против патогените микроорганизми и го подобруваат имунолошкиот систем. Поради овие својства, Био – супите спаѓаат во т.н. функционална храна (храна која покрај нутритивната вредност има поволно дејство врз организмот и превентивно може да делува против бројни заболувања), детално опиша нашата соговорничка.

Био-супите со поголем потенцијал на пазарот од конвенционалните – Она што ги прави поразлични био-супите, излезени од лабораторијата со која раководела Стојанова, е првпат аплициран екстракт од S. granulatus, C. versicolor и F. torulosa. – А она што е уште поважно за првпат беа употребени македонски печурки и со гордост можеме да се пофалиме дека македонските печурки имаат многу подобар состав споредено со популарните реиши, маитаке, шиитаке. И за првпат е произведена супа која содржи екстракти од печурки, што не е исто со супа од свежи/сушени печурки, појаснува Стојанова. За потврдување на резултатот од целото истражување направена била сензорна анализа, каде искусни дегустатори, но и аматери ги оценувале органолептичките својства на Био-супите.

– Заради додадените екстракти, супите имаат малку поразличен изглед од оние конвенционалните на кои сме навикнати како потрошувачи, односно имаат кафеава боја. Но, тој нов изглед, заедно со карактеристичниот вкус, доби прилично високи оцени, односно повеќе од 80 отсто, што означува исклучително висока оцена. Тоа беше само уште една потврда за вредноста и посебноста на Био-супите, заклучува младиот, но професионален истражувач. Според неа, со оглед на фактот што не се потребни посебни услови за индустриско производство на ваков вид производ, Био-супите би можеле да имаат поголем потенцијал на пазарот споредено со конвенционалните супи.

Био – супите во потесен круг за светската награда Food Tech Innovation Award 2022 – Био – супите, како што информира Стојанова, биле номинирани за светската награда Food Tech Innovation Award 2022, во категоријата здрава храна, каде во исклучително јака конкуренција и индустрии од целиот свет, производот успеал да дојде до потесниот круг пред финалето. Резултатите од ова истражувањето, се објавени во неколку научно-истражувачки трудови во еминентни научни списанија на SCI листата, преку издавачките куќи Springer и Wiley. – Со сето ова Македонија и Србија дадоа придонес кон светските трендови и технолошки постапки, каде со правилна употреба на екстрактите од печурки може да се постигнат посакуваните својства, делумно или целосно да се елиминира употребата на синтетските адитиви, а истовремено да се добијат т.н. функционални својства кои имаат поволно влијание врз здравјето на потрошувачите. Следејќи го овој пример, може да се даде сосема поинаква насока на индустриското производство на храната, каде истовремено ќе се задоволат потребите и на индустријата и на потрошувачите за производство на квалитетна и безбедна храна, заклучува Стојанова. Био – супите не се достапни на пазарот, но се очекува во најскоро време потрошувачите да ја збогатат својата трпеза со овој нов, здрав и функционален македонски производ.

    

Најново

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА МЕСТО СО 7000 СКАЛИ КОИ СЕ КАЧУВААТ 5 ЧАСА

Sase Ivanovski

Жена пријавена за исчезната е пронајдена мртва во езерото Калиманци

Sase Ivanovski

Трамп објави дека Индија и Пакистан прогласиле мир

Sase Ivanovski

Пред споменикот на Горан Стојменовиќ се одбележа 10 години од „Диво Насеље“

Sase Ivanovski

Малолетник од Кочани споделувал експлицитни видеа од малолетно девојче

Sase Ivanovski

Уапсен маж од тетовско баран со потерница

Sase Ivanovski

Тажна вест од Србија: На 39 години почина поранешен кошаркарски репрезентативец

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе има многу поостри санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во фабрика за хемиски производи во Барселона создаде токсичен облак

Sase Ivanovski

Левица: Владата ги укинува задолжителните меѓународни јазични сертификати за избор на директори

Sase Ivanovski

НАД 250 ВОЛОНТЕРИ ГО ИСЧИСТИЈА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ, ЗАШТИТЕН СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА КОЈ СО ГОДИНИ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ

Sase Ivanovski

Тошковски за убиството во Штип: Полицијата делуваше ефикасно, во тек се сослушувања на сведоци

Sase Ivanovski

Балканските земји се соочуваат со огромен дефицит на работници пред летната сезона

Sase Ivanovski

Триесетдневен притвор за петтемина осомничени за убиството во Штип

Sase Ivanovski

Иран ќе и достави на Русија ракетни лансери со краток дострел „Фатх-360“

Sase Ivanovski

Ѓуриќ: Александар Вучиќ нема да се соочи со ЕУ санкции поради посетата на Москва

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Гостиварско кој возел автомобил со 2.17 промили алхокол во крвта

Sase Ivanovski

Уапсен стружанец кој пијан возел мотор и излетал од патот

Sase Ivanovski

САД и Кина во Женева ќе преговараат за намалување на царините

Sase Ivanovski

Гест на голем клуб: Ал-Келаифи подготвил специјално изненадување за сите вработени во ПСЖ

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: По улиците, време е и за „чистење“ на општините од фосилите на ДУИ

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Граѓаните се жалат на недоставените фактури и на сумите на сметките за струја

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Макрон, Мерц, Туск и Стармер вчера отпатуваа во Киев во знак на поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Во Скопје утре се врши авионско попрскување против комарци

Sase Ivanovski

Отворена истрага против петмина за убиството во кафе-барот во Штип

Sase Ivanovski

Еквадорски банди во вооружена пресметка убиле 11 војници

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје – го чистиме Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата GENERALKA WEEKEND’25!

Sase Ivanovski

Санаториумот Дружба на архитектот Игор Василевски, со поглед на Црното Море во Јалта, Украина, е иконски пример на советскиот брутализам

Sase Ivanovski

Агелер: Честитки до нашата колешка Ивана Китановиќ за победничкиот дизајн „The Infinite Wave“

Sase Ivanovski

Новата социјална населба како втор најголем проект по електричниот јавен превоз ќе ослободи простор за 33.000 квадрати зелена површина за нов парк во Струмица…

Sase Ivanovski

Најплатениот комичар во светот вели дека мора да го прифатите одбивањето ако сакате да бидете успешни: „Тоа би требало да биде тешко“

Sase Ivanovski

Фотоволтаиците прават проблем во Македонија?! Минатиот викенд бил избегнат колапс на македонскиот електросистем

Sase Ivanovski

Апасиев од Москва…

Sase Ivanovski

Свежи цреши во Тинекс за само 1359 денари за килограм

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт | BM

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Виктор Грозданов и Столе Наумов

Sase Ivanovski

Филипче: Тажно е како Максо ги изневери сите тие илјадници гласачи кои се поранешни наши гласачи

Sase Ivanovski

Филипче: Очекувам за Скопје да извадиме личност со голем габарит и кредибилитет во јавноста

Sase Ivanovski

Филипче: Клиничкиот центар е тажна приказна, штета е што не испеавме како држава да изградиме нов клинички центар

Sase Ivanovski

Филипче: Единстваниот спас за македонското здравство е германскиот модел каде здравството е достапно а болниците се приватни

Sase Ivanovski

Филипче: Заев ја направи СДСМ победничка партија, јас сега гледам колкав е тоа предизвик

Sase Ivanovski

Филипче: Не верувам дека Заев и Мицкоски имаат комуникација

Sase Ivanovski

Филипче: Зоран Заев остави специфичен белег врз општеството, тој сега нема влијание врз политиките на СДСМ

Sase Ivanovski

Филипче: Визата во Дубаи ја добив затоа што требаше да работам во тамошна болница пред да станам лидер на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Апасиев: Пардон мај РАШН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трансфермаркет.мк: Македонија меѓу првите 15 земји што го воведоа УЕФА фитнес 🅰️ курсот!

Sase Ivanovski

Пукањето со огнено оружје вчеравечер во Штип било извршено од странски државјанин

Sase Ivanovski

Ново музичко патување со Индог и емисијата „Feel Good Beats“

Sase Ivanovski

Вучиќ и Фицо во антизападните наративи: „Најдолгиот пат“ на најдобрите руски пријатели

Sase Ivanovski

Русија ја одржа парадата по повод 80-годишнината од Денот на победата на Црвениот плоштад

Sase Ivanovski

Жена избегала од својот дом со своите деца поради несигурност и страв при вербални и физички закани од својот сопруг

Sase Ivanovski

СЗО: 5 милиони смртни случаи на светско ниво може да се спречат со физичка активност

Sase Ivanovski

Министерот за финансии на САД тврди дека трговскиот договор со Велика Британија ќе заштити до 150.000 работни места

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан меѓусебно се обвинуваат за напади

Sase Ivanovski

Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас: Трагедијата во Кочани покажа што значи европска солидарност во пракса

Sase Ivanovski

Малолетничка дала 25.000 евра на соученици за да го заштити нејзиниот брат од ќотек

Sase Ivanovski

Дезинформации на Кремљ за Втората светска војна по повод Денот на победата 9 Мај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Љутков е министер за култура и туризам

Sase Ivanovski

(ФОТО) Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова во присуство на основци од Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Штип

Sase Ivanovski

Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Некој им ги подготвува говорите на оштетените (мајката и таткото), а ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за Васил кој ја усмрти Фросина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Почна и менувањето закони за да се казнува со камерите на МВР – ова ќе биде постапката

Sase Ivanovski

Камник Био Органик: ПРВА И ЕДИНСТВЕНА ФАРМА ВО МАКЕДОНИЈА СО СЕРТИФИЦИРАНИ ОРГАНСКИ ЈАЈЦА ОД ОТВОРЕНИ ПАСИШТА

Sase Ivanovski

БЕРЕТЕ ИМ ГАЈЛЕ НА ФИСКАЛНИТЕ КАСИ Важно предупредување од УЈП до сите даночни обврзници

Sase Ivanovski

ПРЕСУДАТА ЗА ВАСИЛ ЈОВАНОВ ЌЕ БИДЕ ИЗРЕЧЕНА НА 13 МАЈ Семејството бара максимални 20 години затвор, одбраната бара да престане линчот

Sase Ivanovski

ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА СЕДАТ ДОМА ОТИ ДНЕВНИТЕ ЦЕНТРИ НЕ НАБАВИЛЕ ГОРИВО ЗА СПЕЦИЈАЛНИТЕ КОМБИЊА Од Министерството очекуваат проблемот наскоро да се реши

Sase Ivanovski

РУДАРСТВОТО ТОНЕ Излезот на економијата е во зелената транзиција

Sase Ivanovski

„ПОТАМАНИЛЕ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ПРЕКУ ЗЛОУПОТРЕБИ СО ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ Поднесени пријави против екс-директорка на средно училиште во Куманово, 2 фирми и 6 вработени во МОН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 200 СУДИРИ ЗА ЕДЕН ДЕН, УКРАИНСКИ ДРОН ЈА НАПАДНА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО БЕЛГОРОД Киев и Москва се обвинуваат за кршење на тридневното примирје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАДЕ БЕШЕ ВУЧИЌ НА ПАРАДАТА, А КАДЕ НА ВЕЧЕРАТА? Српските медиуми се поделени за приемот на српскиот лидер во Москва

Sase Ivanovski

ЛИСТА НА ГРАДОВИ НАЈДОБРИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛОКАЛЦИТЕ И ТУРИСТИТЕ: Која европска метропола е лидер?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Sase Ivanovski
Вчитувам....