6.8 C
Скопје
13/02/2025 18:25
МАКТЕЛ

   

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

     

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првпат во еден ден се изведени две хируршки интервенции за вградување на кохлеарен имплант или вештачко уво, софистициран електронски уред кај пациент со вродена глувост и пациент со длабоко оштетување на слухот. Д-р Македонка Гарванлиева-Николовa, специјалист по оториноларингологија, која ги изведе двете хируршки операции, вели дека со вградувањето на овие кохлеарни импланти на пациентите им се враќа способноста повторно да слушаат, децата учат да зборуваат и да живеат нормален живот без пречки.

„Кохлеарната имплантација е наменета за деца и возрасни коишто спаѓаат во категоријата тешко губење на слухот или глувост. Ние извршивме две имплантации, едната кај тригодишно дете родено без слух, односно со прелингвална глувост, така што со вградувањето на овој имплант ќе се стимулираат аудитивните патишта со цел да се научи мозокот да слуша. Рехабилитацијата е од клучно значење и на оваа пациентка ѝ претстои долг период на адаптација и постојана работа со логопед бидејќи прво треба да научи да слуша, а потоа и да зборува. Кај вториот пациент, жена на 55-годишна возраст имаме прогресивно намалување на слух на левото уво, а десното уво е со целосна глувост поради примање на зрачна терапија (Gamma Knife Therapy) за третман на шваном на вестибуларниот нерв. Кај неа вградивме имплант во левото уво и по вклучување на процесорот, очекуваме постепена адаптација и враќање на слухот“, вели д-р Гарванлиева-Николова. Операциите за вградување на кохлеарен имплант траеја два часа, под општа анестезија од страна на анестезиолошкиот тим, предводен од д-р Роберт Домазетов, специјалист по анестезиологија со реаниматологија и анестетичар Роска Конеска.

   

„Се прави мал засек, во просек долг околу 3 см, зад увото. Потоа се создава суппериостален џеб во кој подоцна ќе се вметне приемникот од внатрешниот дел на уредот. Електродата се пласира во внатрешното уво за да ги стимулира нервните завршетоци од слушниот нерв. Пред да се затвори засекот, треба да се изврши електрофизиолошка студија, односно тестирање за да се потврдат функционалноста на уредот и правилното позиционирање на електродата. Овие пациенти се отпуштаат од болница по 2-3 дена, а уредот се активира по 4-6 недели по операцијата“, вели д-р Гарванлиева-Николова.

Во овој период гости во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа: врвниот хирург, проф. д-р Драган Данкуц од Нови Сад, водечки стручњак од областа на оториноларингологијата, пионер во имплантација на кохлеарни импланти и електроинженер Владимир Мрџанов, одговорен за интраоперативни мерења и подесување процесори кај импланти, со кои тимот оториноларинголози од болницата размени искуства и знаења за ваквиот тип интервенции. Кај двата случаја беа вградени модели на импланти од Cochlear LTD, австралиска компанија која е најголемиот и најпознат светски производител на кохлеарни импланти, кои се имплантираат кај деца и возрасни.

Мултидисциплинарниот пристап кај децата е клучен за навремено откривање и најдобри резултати

Бројни студии покажуваат дека при овој тип имплантација возраста е најважниот фактор за успех и рехабилитација. Со навремено дијагностицирање и поставување на кохлеарен имплант кај децата со прелингвална загуба на слух на возраст од околу 1 година, се очекуваат најдобри резултати од рехабилитацијата. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ скринингот за проценка на слух кај новородените е дел од стандардната практика и се прави во првите денови од раѓање додека новороденчето е во породилиштето. Аудиолошките скрининзи кај бебињата родени во термин ги прави проф. д-р Анета Демерџиева, специјалист по педијатрија, а кај предвремено родените ги прави д-р Радица Муратовска-Делимитова, специјалист по педијатрија. Проф. д-р Анета Демерџиева вели дека овој скрининг се прави заради откривање на евентуално постоење на ризик од оштетување на слухот кај новороденото дете и негово навремено упатување на понатамошна дијагностичка евалуација во аудиолошки центар. Дел од тимот што има важна улога во предоперативниот и постоперативниот период кај педијатриските пациенти, кои обезбедуваат поширока слика за напредокот во развојот на слухот кај пациентите, се и невролозите д-р мед. науки Наталија Ангелкова и д-р Оливера Лековска.

„Рехабилитацијата е најважниот чекор во целиот овој процес.  Пациентите пристапуваат кон откривање на звуци, потоа учат да разликуваат поединечни звуци, да препознаваат и идентификуваат звуци и да го именуваат она што го слушаат. Затоа треба да се направи разлика помеѓу кохлеарен имплант и слушен апарат, бидејќи со слушен апарат звуците само се засилуваат, додека со имплант е сосема нов вид звук чие значење допрва треба да се осознае“, објаснува д-р Гарванлиева-Николова. М-р Соња Јорданова-Цацаноска, дефектолог, чија специјалност се рехабилитација и едукација на глуви и наглуви лица, вели дека рехабилитацијата кај децата е фокусирана на интензивно развивање на основните вештини за слушање, односно фокусирање на звукот и способноста за перцепција на звукот. По интензивна рехабилитација, тие деца можат да слушаат, да следат училишна настава, да разбираат музика и да зборуваат речиси исто како и нивните врсници.

 

Најново

КАКО ЌЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА? – Јавните комунални претпријатија се соочуваат со огромни сметки за струја

Sase Ivanovski

Обвинителство нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во Скопје

Sase Ivanovski

АХВ изрече казни од 82.000 евра за големите ланци на маркети

Sase Ivanovski

Средношколците ќе учат по нови програми и од нови учебници од септември

Sase Ivanovski

Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Sase Ivanovski

Две лица се уапсени по вчерашната заплена на 188 килограми марихуана на „Богородица“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Sase Ivanovski

Апелација му „подари“ слобода на возачот кој на пешачки премин го усмрти малиот Иван Билински, Обвинителството бара Врховен да ја запре неправдата

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦАРИНА И БЈБ: СУЗБИЕН МЕЃУНАРОДЕН КАНАЛ ЗА ШВЕРЦ НА ДРОГА, ЗАПЛЕНЕТИ 188,6 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА

Sase Ivanovski

Македонски Концепт со цврста поддршка за усвојување на нов македонски грб

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Кое лицемерие, СДС кои ја зголемија цената на струја за 50% и го зголемија ДДВ на прехранбените производи, бараат намалување или укинување на истото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Љупчо Коцевски нема реализација, молчеше додека криминал му се случуваше пред очи во време на СДС, а сега им купуваше време

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Економската состојба се влошува, владата не нуди решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче објави пакет решенија: Седум економски мерки на СДСМ за спас на животниот стандард на граѓаните!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ е против промена на државниот грб, го носи континуитетот на НОБ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Владата не спроведува реформи, туку го партизира судството

Sase Ivanovski

Јаневска: Инвестициите на бизнис заедницата во образованието помагаат во подигнувањето на квалитетот на знаењата и вештините на учениците

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со учениците разговараме за булинг и ментално здравје, следиме што се случува на ТикТок

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ги отворивме сите пензионерски клубови во Центар – Итно копче е одличен проект

Sase Ivanovski

ГАШИ ЈА ПОСЕТИ МРТ ПО ПОВОД СВЕТСКИ ДЕН НА РАДИОТО

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Намалувањето на средствата за МЗТ од Општина Аеродром е поради фактот што сегашното раководство работи многу подобро и обезбедува многу повеќе спонзори

Sase Ivanovski

Џорџ Сорос: Лага е дека УСАИД давала пари на фондациите Отворено Општество

Sase Ivanovski

Стоилковиќ: Додик во изминатите десет години учествуваше на Светосавската академија, зошто тогаш тоа не беше проблем?

Sase Ivanovski

Трајковски за пратениците: Навредуваат сумите до 155 илјади евра што ги зеле за патни трошоци, но уште повеќе навредува ароганцијата

Sase Ivanovski

Маж во Босна и Херцеговина ги уби сопругата и 13-годишниот син, сега е во бегство

Sase Ivanovski

Да му помогнеме на малиот Петар

Sase Ivanovski

Данилоски: Јавно го прашуваме градоначалникот Митески дали е точно дека МЗТ им должи на играчите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДИЛО: БРИТАНЦИ СО КАЗМА ОТВОРААТ ТЕГЛИ, ПАРОДИЈА НА ИНДИСКА УЛИЧНА КУЈНА

Sase Ivanovski

Трговците и маркетите формираа стопанска комора: „Со ограничена маржа од 10 отсто нема да опстоиме, ќе мора да отпуштаме“

Sase Ivanovski

Борисов: Апсолутна провокација е изјавата на Мицкоски и не треба да и се обрнува внимание

Sase Ivanovski

Новиот српски национален стадион, кој се наоѓа на 14 километри од централниот Белград, се предвидува да прими 52.000 гледачи

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател најави дека нема да оди на состаноци во Белата куќа ако темата е раселувањето на Палестинците

Sase Ivanovski

Вишото јавно обвинителство бара да не се повторува постапката за осудениот Џенис Мекиќ, кој го прегази Иван Билински кај Католичка

Sase Ivanovski

Љупчо Коцевски не е “последниот идиот” што ќе биде сменет

Sase Ivanovski

Салото на стомакот двојно го зголемува ризикот од оштетување на црниот дроб при консумирање алкохол

Sase Ivanovski

Во срцето на Полска, на неколку километри од Краков, се наоѓа село кое изгледа како да излеголо од рурална слика: Суњосзова

Sase Ivanovski

Мицкоски: Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД

Sase Ivanovski

Топ Тема со Боби Христов и Александра Чомовски: Владата сепак посегна по замрзнување на маржите – како критикуваната мерка, стана применлива алатка?

Sase Ivanovski

Општина Карпош: РЕШЕН ГОРЛИВИОТ ПРОБЛЕМ СО ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД НАСЕЛБАТА ТРНОДОЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изведувачот кој го ангажираше Општина Карпош постави канализациона мрежа во должина од 27 метри, со поширок обем на цевки со димензии Ф-250 мм

Sase Ivanovski

Ким од Северна Кореја вети континуирана поддршка за руската војска

Sase Ivanovski

Како изгледа возењето на струја во пракса? Половни автомобили 100 километри за 70 динари

Sase Ivanovski

Трудо меѓу ожалостените на комеморацијата на Ага Кан во Лисабон

Sase Ivanovski

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ – КАКОВ ФК ВАРДАР ЌЕ ГЛЕДАМЕ ВО ИДНИНА?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Судството ни е мочуриште – граѓаните не се задоволни

Sase Ivanovski

Мицкоски: Дојде денот кога Вие треба да го враќате дивеењето на СДСМ

Sase Ivanovski

Русија испраќа „стотици“ свои воени ранети на лекување во Северна Кореја

Sase Ivanovski

Општина Карпош: ИЗГЛАСАН КВАРТАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЛЕДНИОТ КУМУЛАТИВЕН ПЕРИОД ОД 2024 ГОДИНА

Sase Ivanovski

ШОКАНТНА нова снимка од видео надзор како „Growler“ на американската морнарица EA-18G удира во заливот Сан Диего откако пилотите се катапултираа

Sase Ivanovski

Општина Карпош: Во изминатите 7-8 години сведоци сме на неаргументирано и агресивно, антиградежно однесување на госпоѓа Невена Георгиевска

Sase Ivanovski

Објавена снимка на која се гледа како чувар од Тенеси пука кон групна напаѓачи во Чатануга, Тенеси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Општина Карпош: Секторот инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач „Греен Роад“, денеска ја започна долго најавуваната акција за отстранување на отпадни (хаварисани) возила

Sase Ivanovski

Општина Карпош: КАРПОШ Е ДЕЛ ОД ЕУ ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ДОМОВИ

Sase Ivanovski

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во посета на Златибор: Разговори за идна соработка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Општина Карпош: Се врши инфраструктурно комплетирање во спортската сала при ООУ Лазо Трповски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИТЕ БИ СЛАВЕЛЕ, НО НЕ И ЈОКИЌ На Србинот му збоктиса од наградите, неговата реакција е урнебесна

Sase Ivanovski

Коста Костадинов: Уредените населени места се огледало на општинското работење.

Sase Ivanovski

ЛОШО МУ СЕ ПИШУВА НА ПУТИН АКО ЈА НАПАДНЕ АЛИЈАНСАТА Генералниот секретар на НАТО го предупреди рускиот претседател

Sase Ivanovski

Коста Костадинов: Нов ден и уште еден реализиран проект за доброто на граѓаните

Sase Ivanovski

Коста Костадинов: Нема компромиси со некој кој сака да ја загадува и пали Струмица!

Sase Ivanovski

Коста Костадинов: Продолжуваме, ред мора да има !

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН: Направете го следниот чекор во вашата кариера денес – без повеќе одложувања!

Sase Ivanovski

ПОНИСКИТЕ КАМАТИ ЌЕ ОДАТ „РАКА ПОД РАКА“ СО ЦАРИНИТЕ Економистите не се согласуваат со Трамп

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН: Бидете лидер во вашата област-запишете магистерски студии на еден од нашите факултети!

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН: Вложете во својата иднина, префрлете се кај нас!

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН: СМЕНИ ГО СВОЈОТ ПРАВЕЦ! Трансфер од еден факултет на друг – Започни нова приказна со нас!

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН: Не ја пропуштајте оваа одлична можност – аплицирајте и запишете се на Американскиот Универзитет на Европа во Скопје уште денес!

Sase Ivanovski

ЏАФЕРИ И ГАШИ СЕ СКАРАА ЗА ДЕЛОВНИКОТ Собранието ги разреши директорите на Агенцијата за администрација и на Агенцијата за квалитет во високото образование

Sase Ivanovski

Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година

Sase Ivanovski

Приведени двајца државјани на Турција: со рент а кар возило се движеле во спротивна насока на булевар во Скопје

Sase Ivanovski

Нова измама: 87-годишна жена од Скопје платила 6000 евра за наводна несреќа во која учествувала нејзината ќерка во Канада

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН: Денес, на Меѓународниот ден на образованието, ја славиме моќта на знаењето како основен столб за развој, напредок и иновации.

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Среќната добитничка на бесплатно породување го подигна својот ваучер!

Sase Ivanovski

Пожар во подрумски простории од зграда во Аеродром, едно лице повредено

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев, Скопје вработува магационер

Sase Ivanovski

Во напуштени магацини во Гази Баба пронајдени куршуми, каписли, детонатори за рачни бомоби…

Sase Ivanovski

Костадиновски за измените на КЗ: Овој закон не е ништо друго освен покажување на моќ и ароганција

Sase Ivanovski

Товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините кај Поликастро, линијата може да остане затворена два месеци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Илина Гаџевска Томулевска, специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија, зборува за естетска хирургија на лице – уши, нос и очни капаци.

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Револуционерен пристап за лекување на дијабетични рани на стaпалото и спречување ампутации

Sase Ivanovski
Вчитувам....