Првпат во земјава спроведен рандомизиран контролиран експеримент на економски проблем / проблем од сферата на пазарот на труд
Првпат во земјава спроведовме рандомизиран контролиран експеримент на економски проблем / проблем од сферата на пазарот на труд, за да документираме причинско-последична врска.
Резултатите се во најновата 📖 Студија за политиките 5️⃣5️⃣
1️⃣ Интервенцијата со меки вештини има позитивен ефект врз продуктивноста на вработените: за време на обуката зголемување од 1.13%; по обуката 0.4%
2️⃣ Жените имаат малку поголеми придобивки во ефикасноста (0.43%)
3️⃣ Жените со средно образование – најголемата група во фабриката – имаа дополнително зголемување на продуктивноста од 0.2 п.п.
4️⃣ Поединците над 40-годишна возраст имаа повеќе корист отколку помладите работници
5️⃣ Жените со деца имаа помала придобивка кај продуктивноста ❗️за 0.22 п.п. во споредба со жените без деца
Механизми:
➡️ Интервенцијата директно го подобри оптимизмот
➡️ Ги намали анксиозноста и безнадежноста, со особено силни придобивки во однос на ослободувањето од стрес кај жените
➡️ Ја зголеми свесноста за надворешните ограничувања, притоа осигурувајќи уверување за сопствената продуктивност ❗️
Овие документирани подобрувања
👉 Подобрена комуникација и тимска работа
👉 Поорганизирана работа и помал застој на производната линија
👉 Зголемена продуктивност на вработените
Експериментот, проектот и студијата се создадени благодарение на British Embassy Skopje.