Денес во Истанбул се одржаа првите директни преговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години. Тие траеја повеќе од еден час, а Путин и Зеленски не беа присутни. „На преговорите, Русите им се заканија на Украинците со вечна војна“. Руската делегација ѝ се закани на Украина со „вечна војна“ за време на директните разговори во Истанбул денес, изјави извор од украинската делегација за Скај њуз. Според истиот извор, руската страна не била подготвена да разговара за техничките детали од прекинот на огнот, бидејќи наводно чекале одобрение од повисоките органи. Да потсетиме дека претходно во текот на денот, украински извори веќе предупредија дека руските барања се „нереални“ и „далеку над сè што досега е дискутирано“.
Шефот на украинската делегација наскоро ќе се обрати на јавноста. Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров наскоро ќе се обрати на јавноста во Истанбул, по завршувањето на денешните преговори со руската делегација. Умеров ја предводеше украинската делегација на првите директни разговори меѓу двете завојувани земји по повеќе од три години. Шефот на руската делегација: Русија е генерално задоволна од денешниот состанок Владимир Медински, шефот на руската делегација, изјави дека руската страна е „генерално задоволна“ од исходот од денешните преговори со Украина, пренесува турската државна агенција Анадолу.
Тој додаде дека двете страни се согласиле да ја презентираат својата визија за евентуално примирје, по што разговорите би можеле да продолжат. Медински рече дека Москва „го зела предвид“ барањето на Украина за директна средба меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски. Да потсетиме, Медински вчера изјави дека Русија ги гледа денешните преговори како продолжение на неуспешните разговори од 2022 година, додека украинската страна го критикуваше составот на руската делегација, тврдејќи дека нема овластување за сериозни преговори.