Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска изјави дека под овие околности покренувањето на прашањето за преговори со Вашингтон е „бесмислено“. Акциите на ционистичкиот режим, кои не можеме ни да ги замислиме без поддршката на САД, го направија преговарачкиот процес бесмислен. Должност на Америка е да заземе јасен став. Не се сомневаме дека израелскиот режим не можеше да го изврши овој дрзок напад без координација, соработка и поддршка на САД. Америка мора да разбере: тие се соучесници во секоја капка крв пролеана на иранска почва и во секоја зграда уништена во овој напад…Како членка на Советот за безбедност на ОН, САД се обврзани формално да ја признаат оваа агресија“, рече Багеи на прес-конференција, според иранската национална телевизија Прес.
Според него, Израел го нападнал Иран со поддршка на Соединетите Американски Држави, а „одговорот на Иран на израелскиот напад е легитимна самоодбрана“.