Повеќе од 50 земји стапија во контакт со Белата куќа за да почнат трговски разговори, изјави денеска главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, откако големите нови царини предизвикаа глобални превирања. Во интервју за Еј-Би-Си Њуз , директорот на Националниот економски совет на САД, Кевин Хасет, негираше дека тарифите се дел од стратегијата на Трамп, чија цел е колапс на финансиските пазари, се со цел да се изврши притисок врз американската централна банка да ги намали каматните стапки. Тој рече дека нема да има политички притисок врз централната банка. Во објавата на Truth Social во петокот, Трамп сподели видео во кое сугерира дека новите тарифи се насочени кон намерно уривање на берзата во обид да ги принудат банките да ги намалат каматните стапки. Во одвоено интервју за Ен-Би-Си Њуз, американскиот министер за финансии Скот Бесент го омаловажи значењето на падот на берзата, нагласувајќи дека „нема причина“ да се предвиди рецесија врз основа на воведените царини.
За разлика од другите економисти, Хасет рече дека не очекува преголем удар за потрошувачите бидејќи верува дека извозниците ќе ги намалат цените. Бесент изјави дека не предвидува рецесија поради царините, наведувајќи дека ќе биде поголемо од очекуваното и зголемувањето на работните места во САД.