Денеска во просториите на поранешен Комитет се одржа презентирање на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година. Беа презентирани мерки од Агенцијата за поддршка на претприемништво, како и активности и повици на Министерството за економија и труд.
Во рамките на презентацијата, заменик-министерот Марјан Ристески и претставници на Министерството за економија и труд, на Агенциите за вработување и за поддршка на претприемништво, како и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, ги претставија мерките и активностите во рамки на Оперативниот план пред бизнис секторот, занаетчиите, младите и сите останати заинтересирани.
Беше потенцирано дека Оперативниот план нуди поддршка за самовработување, отворање на нови работни места, обуки за актуелни занимања и занаети, дигитални вештини за сите категории на граѓани.



