Преку два гранта од 10.000 и 20.000 евра даваме поддршка на младите активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а младите земјоделци се ослободени од надоместокот за закуп на државното земјоделско земјиште. За прв пат од оваа година обезбедивме и стипендии за студентите на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет во висина од 18.000 денари за девет месеци. На најдобрите студенти од овие факултети им нудиме можност за платена пракса во институциите и можност за стекнување нови вештини. Посветено се грижиме и вложуваме во секој млад човек.
Младите се важен приоритет на СДСМ и Владата. Преку конкретни мерки креирани од младите за младите градиме нови можности за младите. Реализиравме бесплатни ИТ обуки за 1.253 млади лица, обезбедивме стипендии за студентите од социјално ранливите семејства, младинска гаранција за работни места на млади, 3.000 денари младински додаток за вработени млади лица до 23 години, зголемени стипендии и субвенциониран оброк за студентите.