Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за решавање на конфликтот во Украина заврши доцна во петокот по повеќе од четири часа, пренесе „Ројтерс“ цитирајќи ги руските државни медиуми. Кремљ на својата веб-страница објави фотографија на која двајцата официјални лица се ракуваат, истакнувајќи дека средбата се одржала.
„Темата на средбата – аспекти на решение околу Украина“, кусо соопшти Кремљ. Руските новински агенции јавија дека средбата траела повеќе од четири часа. Интерфакс објави дека Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за Блискиот Исток, кој се повеќе се фокусира на Русија, го напуштил местото на состанокот – претседателската библиотека во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија. Тасс објави дека инвестицискиот пратеник на Путин Кирил Дмитриев се вратил во хотел во градот.